Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца малолетни и пет полнолетни осомничени за насилство во Драчево

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца малолетни и пет полнолетни осомничени за насилство во Драчево

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Судијата за деца при Основен суд Скопје 1 Скопје поднесе Барање за поведување на подготвителна постапка спрема две деца во судир со закон постари од 16 години. За децата на возраст од 17 години постои основано сомнение дека извршиле дејствие што со закон е определено како … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обезбедување на МРП вакцините со погрешни декларации

Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени. Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална … Повеќе

Притвор за двајца вработени во МВР за настанот во Шуто Оризари

Постапувајќи по кривична пријава од Министерството за внатрешни работи во врска со настанот во Шуто Оризари од 28.01.2019 година, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица. За лицата, инаку вработени во МВР, кои во моментот на инцидентот не биле … Повеќе

Започната истрага против две лица осомничени за разбојништво

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 23.01.2019 година двајцата влегле во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за неовластено поседување марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот неовластено заради продажба држел опојна дрога – … Повеќе

Пет лица под истрага за насилството во Шуто Оризари

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица  за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените на 28.01.2019 година, во близина на поликлиниката во Шуто Оризари, во група заедно со други лица, извршиле … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас во врска со МРП-вакцините

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година. Притоа, обвинителството ќе проверува дали постоеле неправилности при увозот на вакцините, нивниот рок на употреба, како и евентуално предизвикани штетни последици. Со … Повеќе

Наредена истрага за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената во текот на месецов неовластено заради продажба од … Повеќе

Поднесено обвинение за повеќекратно разбојништво

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, како и за продолжено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје го истражува пукањето во Маџари

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничените на 24.01.2019 година, во скопската населба Маџари, по претходен договор … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување оружје и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно 26-годишно лице кое се товари дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или … Повеќе

Даночен инспектор и две други лица обвинети за примање поткуп

Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и за две лица за помагање при извршување на истото кривичното дело. Првообвинетиот се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата … Повеќе

Отфрлени кривични пријави против вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против единаесет службени лица вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик и за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт за обид за убиство во Батинци

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. Делото за кое се товари обвинетиот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка беше прекината затоа … Повеќе

Обвинение за татко и син кои неовластено држеле оружје и дрога

Основното  јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица – татко и син, кај кои при претрес беше пронајдено огнено оружје и дрога. На таткото му се става на товар дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори … Повеќе

Соопштение

Со пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје, која се однесува на обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, за виновни беа огласени седум обвинети лица кои добија затворски казни. Во текот на кривичната постапка, присуството на сите обвинети лица од нивното лишување од слобода беше обезбедено со мерка притвор, меѓу кои и на обвинетото … Повеќе

Обвинителен акт за лицето кое криумчареше злато

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице,  27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена … Повеќе

Побаран притвор за осомничениот од Бутел кој продавал дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје … Повеќе