Двајца осомничени за напад врз полициски службеници во Струга

Двајца осомничени за напад врз полициски службеници во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 18 години, на 15 јуни … Повеќе

Парични казни за девет лица од Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите … Повеќе

Обвинение за гинекологот од Струга кој даваше здравствени услуги без дозвола за работа

Основното јавно обвинителство Струга денеска до надлежниот суд достави Обвинителен акт против 54 – годишен жител на Струга, кој го сторил кривичното дело – Давање здравствени услуги без дозвола за работа  од член 304 – а од Законот за здравствена заштита. Како здравствен работник  – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги … Повеќе

Притвор за двајца осомничени кои неовластено држеле оружје

Основното јавно обвинителство Струга поведе истражна постапка против 55-годишен жител на с. Трапчин Дол, кичевско и 42-годишен жител на с. Франгово, струшко, бидејќи постои основано сомневање дека секој од нив го сторил кривичното дело –  Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став … Повеќе

Увид на местото на убиство на жена во Струга

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде беше лишена од живот жена на возраст од 34 години. Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во … Повеќе

Побарани парични казни за палење на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување … Повеќе

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија. Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик. … Повеќе

Поведена постапка заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против државјанин на Република Албанија поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање  во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичнот законик. При претрес извршен на 30.10.2020 година, во близина на магистралниот пат, во правец … Повеќе

Поведена постапка за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 23 – годишен државјанин на Република Албанија за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот управувал патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки во … Повеќе

Поведена постапка за непостапување според здравствени прописи за четири физички и четири правни лица во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против четири физички и четири правни лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Физичките лица, како управители на различни угостителски објекти, не постапиле согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија за спречување и сузбивање … Повеќе

Поведена постапка за три лица во Струга

Обвинетите,  во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од нив не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час на 5 и 7 јуни 2020 година, … Повеќе

Поведена постапка за непостапување според здравствени прописи за пет физички и две правни лица во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против вкупно пет физички и две правни лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тројца од обвинетите не се придржувале на забраната за движење на населението на територијата на државата, донесена со Одлука на … Повеќе

Побарани парични казни за правни и физички лица во струшко заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за издавање казнен налог против 2 физички лица и 2 правни лица од Лабуништа за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Физичките лица, во својство на управители на обвинетите правни лица, не постапиле согласно одлуките и мерките донесени … Повеќе

Струшкото обвинителство побара парични казни за три лица

Поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга за три лица поднесе предлози за издавање казнени налози со кои му предложи на Судот на обвинетите да им изрече парични казни  во висина од по 100 дневни глоби, секоја од … Повеќе

Десет лица обвинети за непочитување на здравствените прописи во Струга

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против десет лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За сите обвинети, струшкото обвинителство му предложи на судот да им изрече парични казни, со определување на  висината … Повеќе

Парични казни за петмина во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден од нив во Република Македонија пристигнал од Република Австрија, по што согласно донесените здравствени … Повеќе

Во Струга четвoрица обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка пред надлежен суд против четири лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите, на 1 мај за време на полицискиот час, бил затекнат при расправија со друго лице во дворот на здравствената … Повеќе

Жител на с.Враништа за време на полициски час се обидел да им избега на полициските службеници

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе предлог за издавање на казнен налог против едно лице од с.Враништа. Лицето е обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот не ја … Повеќе

Двајца жители на с.Погорци не го почитувале полицискиот час

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга до надлежниот Основен суд во Струга достави предлог за издавање на казнен налог против две лица. Обвинетите за време на првомајскиот празник не ја почитувале забраната за движење и заедно со други лица биле затекнати од страна на овластените полициски службеници како се движат низ с. Подгорци. … Повеќе

Побарани парични казни за двајца стружани

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна … Повеќе