Истрага за давање поткуп на службено лице, предложен притвор

Истрага за давање поткуп на службено лице, предложен притвор

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно … Повеќе

Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени … Повеќе

Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Царинската управа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19 физички и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека со однапред договорени и координирани дејствија, учествувале … Повеќе

Истрага за криумчарење цигари и лекови – осомничени осум лица, меѓу нив и царински службеник

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица. … Повеќе

Поднесено обвинение за опожарувањето возила пред Амбасадата на Република Бугарија

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита. На обвинетиот му се става на товар дека на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на … Повеќе

По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание

Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден во соработка со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР реализираше акција во рамки на која од слобода е лишено службено лице – помошник – директор … Повеќе

Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра. Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската … Повеќе

Пријава од граѓанин овозможи откривање и документирање на кривично дело – поведена истрага за примање награда за противзаконито влијание

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Единицата за корупција при Бирото за јавна безбедност, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице вработено во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија. Постои основано сомневање дека осомничениот сторил кривично … Повеќе

Истрага за проневера и перење над 2,2 милиони евра

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест физички и две правни лица. Со истрагата е опфатен сопственик и управител на кривично одговорно правно лице од село Кучевиште, кој воедно бил и неизвршен член на Одборот … Повеќе

Нема место за јавнообвинителско постапување во набавката на модуларните болници

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со … Повеќе

Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од РСМакедонија во РСрбија

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од РСМакедонија во РСрбија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на РСрбија, резултираа со донесување нова Наредба … Повеќе

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Имено, во … Повеќе

Осомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџет

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и … Повеќе

Докази од претходна истрага резултираа со нова истражна постапка против две лица

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“. Предметната истражна постапка е оформена врз основа на доказите обезбедени при анализата на … Повеќе

Се проширува истрагата за ботоксите

Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во … Повеќе

Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против директорот на ДИЗ

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп. Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна … Повеќе

Поведена истрага за загрозување лица под меѓународна заштита

Постапувајќи по поднесената пријава во врска со опожарувањето на автомобили пред објектот на бугарската Амбасада во Скопје, за кое беше поведена постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, Основното јавно обвинителство Скопје дојде до сознанија што упатуваат на можни елементи на кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита од член … Повеќе

18 физички и 8 правни лица инволвирани во проневера во служба и перење пари и други приноси од казниво дело

По спроведена предистражна постапка спроведена од истражителите на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Министерството за внатрешни работи  реализираа координирана акција во која се опфатени повеќе физички и правни лица. … Повеќе

Петмина под истрага за Терористичка организација

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица од Скопје. Постои основано сомневање дека лицата кои се на возраст од 22 до 34 годинисториле кривично дело Терористичка организација. Предметот е … Повеќе