Соопштенија

Италијанец обвинет за употреба на фалсификуван негативен ПЦР тест на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 32-годишен италијански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 23 април, при проверка на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, употребил лажна исправа – фалсификуван ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал во … Повеќе

Донесено решение за отфрлање на кривична пријава за оддавање класифицирани информации

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичните пријави поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ против две лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување, Оддавање на класифицирани информации со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ и „ДОВЕРЛИВО“ и Оддавање на воена тајна. Јавниот обвинител утврди дека … Повеќе

Поднесено обвинение за креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија, предвидено во член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Против седум лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд достави предлози за издавање казнени налози поради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го сториле делото така што не ги почитувале прописите со кои е определена забрана за движење на … Повеќе

Скопјанец обвинет за тешки дела против општата сигурност и за поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едо лице за кривични дела – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на … Повеќе

Позитивни на коронавирус сакале да отпатуваат со лажен ПЦР тест, предложена парична казна

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26 години, заради кривични дела – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1, како и Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Иако со Решение на … Повеќе

Тројца обвинети за непочитување на полициски час во Скопје

За двајца скопјани и еден охриѓанец Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози, бидејќи се обвинети дека извршиле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тројцата, во различни кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на полицискиот час како мерка … Повеќе

Белгиска државјанка обвинета за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против една државјанка на Белгија за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. На 16 април, обвинетата 48-годишна жена се обидела да ја напушти државата со лет од Меѓународниот аеродром Скопје, притоа приложувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. … Повеќе

Поведена постапка против шестмина во Скопје за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 6 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, спротивно на прописите со кои е определена забрана за движење на населението во периодот од 20 до 05 часот следниот ден, … Повеќе

Обвинение за скопјанец кај кој беа пронајдени метадон и ампули диазепам

Обвинителен акт против едно лице на возраст од 47 години поднесе Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е обвинето за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 25 март, при извршен претрес во домот на обвинетиот на улицата „Ордан … Повеќе

Скопјанец обвинет за непочитување на полицискиот час, предложена парична казна

Предлог за издавање казнен налог против едно лице поднесе Основното јавно обвинителство Скопје заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 22-годишник постапил спротивно на прописите се кои се определени мерки за спречување на ширењето на заразна болест. На 11 април, за … Повеќе

Обвинение за струмичанец фатен со дрога на патарината Миладиновци

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43-годишен струмичанец, кој се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, обвинетиот се возел како сопатник во автомобил Мерцедес, а … Повеќе

Единаесетмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Против 11 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози. Лицата се товарат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од кривичниот законик. Имено, во одвоени кривично-правни настани, тие биле затекнати како се … Повеќе

Обвиненија за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Во различни кривично-правни настани на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетите употребиле лажни исправи – фалсификувани потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории, … Повеќе

Предложени мерки на претпазливост за лице осомничено за измами при купопродажба на станови

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од мај 2020 година до март 2021 година, осомничениот во повеќе наврати, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, … Повеќе

Дванаесет лица во Скопје обвинети за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го сториле делото на 13 јануари, кога наспроти донесените мерки и прописи за спречување на … Повеќе

Побарани парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 6 април, за време на важечки полициски час, без да поседуваат дозвола се движеле пеш по улицата „Беласица“ во Скопје. … Повеќе

Косовски државјанин обвинет за загрозување на безбедноста на сообраќајот на Блаце

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против еден државјанин на Република Косово за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот според член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 2 април, управувал патничко моторно возило Ауди А4 со косовски регистарски ознаки кај граничниот премин Блаце, во насока од Косово кон Македонија. Кога … Повеќе

Поднесено обвинение против 11 лица за злоупотреби при издавањето пасоши

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 11 лица во врска со злоупотреби извршени при издавањето на патни исправи. Со поднесениот предлог, 10 лица се обвинети за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот … Повеќе

Жител на тетовско Порој осомничен за недозволена продажба на дрога

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Порој за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 12 април, … Повеќе