Соопштенија

Поведена постапка против две лица за насилство во угостителски објект во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, жители на Скопје, на возраст од 19 и 28 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените … Повеќе

ОЈО Скопје поднесе обвинение за изнуда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против вкупно шест лица, од кои: –          еден е обвинет за кривичните дела –  Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 и Несовесно работење во службата согласно член 353-в став 4 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик –          еден … Повеќе

Поднесено обвинение за продолжено кривично дело тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Тешка кражба, казниво согласно член 236 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. На 11 февруари, обвинетиот 24-годишниот жител на Свети Николе извршил две временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на … Повеќе

Обвинение за поседување на речиси 20 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43 – годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 21 јануари, во патничко возило Шкода фабиа, на паркинг простор на улицата „Јадранска магистрала“, неовластено заради продажба … Повеќе

Поднесено обвинение за кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и … Повеќе

Жител на Свети Николе осомничен за тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице заради основано сомневање дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1  точка 3 од Кривичниот законик и еден обид за тешка кражба. На 11 февруари, 24-годишниот жител на Свети Николе на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во населбата Автокоманда,  на дрзок начин одзел … Повеќе

Шеесетгодишник осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата … Повеќе

Поднесено обвинение за злоупотреби при издавањето возачки дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 36 лица, од кои петмина се товарат за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите 31 за поттикнување при извршувањето на тоа кривично … Повеќе

Велешанец осомничен за кражба на незаклучен автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го … Повеќе

Едно лице осомничено за недозволено поседување дрога и муниција

Против 21-годишен жител на Арачиново Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик. При … Повеќе

Истрага за запален автомобил во Сарај

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомневање дека сторил кривично дело –  Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.1 в.в со чл.288 ст.1 од Кривичниот законик. На 10 февруари, во раните утрински часови, осомничениот 45-годишник со пожар предизвикал значителна опасност по животот … Повеќе

Уважена жалбата на ОЈО Скопје во врска со условната осуда за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Јавното обвинителство денеска ја прими пресудата на Апелациониот суд Скопје со која се уважува жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во поглед на кривичната санкција изречена со првостепената пресуда во предметот за сообраќајната несреќа која се случи на 12.10.2018 година кај Млечен ресторан. Со пресудата, Апелациониот суд ја преиначи првостепено изречената условна осуда и на обвинетиот … Повеќе

Обвинение за поседување наркотична дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член … Повеќе

Обвинителен предлог за телесна повреда при семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 24-годишен скопјанец за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, обвинетиот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна … Повеќе

Поднесено обвинение за скопјанецот кој ја повреди мајка си со нож

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лице на возраст од 34 години, кое се товари за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 1 февруари во вечерните часови, по претходна вербална расправија, во дворот на семејната куќа на улицата „Ѓорги Крапчев“, … Повеќе

Отфрлена кривичната пријава на врховна судијка против тројца членови на Судскиот совет

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од судија на Врховниот суд против претседателот и два члена на Судскиот совет на РСМ за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавителката во кривичната пријава наведе … Повеќе

Скопјанец осомничен за предизвикан пожар врз автомобил и поседување оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Тешки дела против општата сигурност според член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или … Повеќе

Обвинение за кражба на накит од стан во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите жители на Прилеп, на возраст од 30 и 29 години, на 1 февруари заедно провалиле во стан на улицата „Никола … Повеќе

Обвинителството бара притвор за две лица – креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Основното јавно обвинителство Скопје во текот на вчерашниот ден до Министерството за внатрешни работи издаде наредба за лишување од слобода на две лица – креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. По наредбата е постапено и лицата се лишени од слобода. Надлежниот јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка … Повеќе

Поведена постапка за злоупотреби при издавањето возачки дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи – Одделение за управни работи Скопје за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, за повеќе … Повеќе