Соопштенија

Казна затвор од 19 години за убиството на Пинета Секондо Пино

Во судска постапка која се водеше по поднесен Обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Скопје за убиството на Пинета Секондо Пино, денеска Основниот кривичен суд Скопје донесе Пресуда со која ја огласи за виновна обвинетата А.Ѓ. и изрече затворска казна од 19 години. Обвинителството откако  ја заврши сеопфатната истражна постапка, по целосно прибирање на материјалните … Повеќе

Скопското обвинителство обвини две лица за самовластие

Двајцата обвинети на 29 јуни 2020 година , околу 10.00 часот, со возило пристигнале пред домот на оштетениот. Откако го забележале, го повикале да влезе во автомобилот, па без негово знаење се упатиле кон парк шумата во Гази Баба, Скопје. По пристигнувањето, обвинетите физички го нападнале оштетениот удирајќи го со  гумена палка по телото, барајќи … Повеќе

Обвинение за кражба на икони

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 42-годишен скопјанец, кој го сторил кривичното дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Истовремено, јавниот обвинител предложи на Судот, на обвинетиот да му се определи мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство. Обвинетиот го сторил кривичното дело на 8 јули … Повеќе

Обвинение за скопјанец за недозолено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 12 јуни, на паркинг на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел огнено … Повеќе

Казнен налог за угостител кој не ги почитувал здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Дебар до Основниoт суд Дебар поднесе Предлог за издавање  казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Како управител на угостителски објект, на 12.06.2020 година, обвинетиот послужувал гости по истекот на дозволеното време … Повеќе

Поднесени предлози за парични казни за осум лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица заради непочитување на полицискиот час. Обвинетите биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. На тој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување … Повеќе

Обвинение за извршени кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе Обвинителен предлог против две лица кои како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, скопјани на возраст од 27 и 43 години, со умисла извршиле две временски поврзани дејствија, искористувајќи ист траен однос и  исти прилики што претставува … Повеќе

Казнен налог за правно и физичко лице во Скопје

​Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје  поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко лице – управител и едно правно лице – угостителски објект, заради сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетиот како одговорно лице – управител на правното лице … Повеќе

Обвинение за поранешен претседател на Врховниот суд кој ја злоупотребил службената положба и овластување

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против  поранешен претседател на Врховниот суд, кој го сторил кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 30.11.2018 година во својство  на службено лице – претседател на Врховниот … Повеќе

Скопското обвинителство поведе постапка за 12 лица кои не ги почитувале здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против вкупно 12 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест … Повеќе

Поведени постапки против деветмина непочитувачи на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе 8 предлози за издавање казнени налози против вкупно 9 лица кои  не го почитувале полицискиот час. Обвинетите, во одделни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време … Повеќе

Обвинение за неовластено држење оружје

По спроведување на истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 38-годишен скопјанец кој го сторил кривичното дело –  Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Во домот на обвинетиот на улица „Дижонска“ во Скопје, на 26 јуни … Повеќе

Парични казни за 50 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 50 лица кои го сториле  кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно не се придржувале кон одлуките за забрана и посебен режим на движење на … Повеќе

Дваесетмина обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата … Повеќе

Поднесени обвиненија за разбојништво и кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Против истото лице и негова соизвршителка е поднесен и Обвинителен предлог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 во врска … Повеќе

Побарана парична казна за скопјанец заради непочитување на самоизолацијата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое не постапило согласно издаденото Решение за задолжителна самоизолација. Против обвинетиот пред надлежен суд е поднесен Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на Основниот … Повеќе

Чичко осомничен за малтретирање малолетни брат и сестра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице од член 201 став 1 од Кривичниот законик. На 28 јуни, осомничениот 46-годишник, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, малтретирал две деца … Повеќе

Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 09.12.2019 година, провалил во куќа на улица „Финска“ во Скопје, насилно отворајќи ја заклучената врата од балконот со нож. По … Повеќе

Побарани парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 16 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, 15 не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно … Повеќе

Еден осомничен за недозволено држење оружје и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на возраст од 38 години, во својот дом на улица „Дижонска“ … Повеќе