Соопштенија

Обвинение за недозволено држење оружје и муниција во Арачиново

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 14 мај, обвинетиот 21-годишник, во својот … Повеќе

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 25 февруари при поднесување барање за привремен престој и на 11 мај при подигање на дозволата за привремен престој на … Повеќе

Две лица под истрага за разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 и за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик, додека другото лице е осомничено за помагање при извршувањето на разбојничката кражба. … Повеќе

Извршен увид од јавен обвинител за пронајдено безживотно тело во Осој

Вчера попладне, на местото викано Осој во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен“, полициски службеници пронашле безживотно човечко тело во распаѓање. Местото веднаш е обезбедено, а денеска, започнувајќи од утринските часови, извршен е увид на лице место од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни … Повеќе

Жител на Грчец обвинет за недозволено држење оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 40 години од Грчец за кривично дело  – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, кој неколку месеци беше недостапен на органите на прогонот, на 07.12.2019 година, на … Повеќе

Побарани парични казни за вкупно 53 лица во Скопје зарaди непочитување на полицискиот час

Вкупно 53 лица се опфатени со предлозите за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје ги поднесе денеска пред Основниот кривичен суд Скопје за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и … Повеќе

Побаран притвор за жител на Арачиново заради недозволено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишник, во својот дом во Арачиново, неовластено држел оружје и муниција – … Повеќе

Уште 29 лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 29 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети, во одделни кривично-правни настани, го прекршиле полицискиот час на територијата на Скопје … Повеќе

Скопското обвинителство гони 19 прекршители на полицискиот час

Против 19 лица кои не го почитувале полицискиот час Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради извршено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим за движење на … Повеќе

Еден осомничен за убиство при вршење семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 10 мај, во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков“, при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот … Повеќе

Постапки против 21 лице во Скопје заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 21 лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и … Повеќе

Поведени постапки против 16 непочитувачи на полицискиот час во Скопје

Против вкупно 16 лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради непочитување на полицискиот час. Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време епидемија предвидено во член … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Прилеп и во Крушево

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до Основниот суд Прилеп поднесе предлози  за издавање казнени налози против 6 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го прекршиле полицискиот час во Прилеп, па обвинителството за секого од нив предложи парична казна од … Повеќе

Скопјанец обвинет за недозволено поседување дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 25 април бил пресретнат од овластени полициски службеници во село Трубарево и притоа кај него биле пронајдени 74 грама … Повеќе

Тринаесет лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Девет казнени налози со кои се опфатени вкупно 13 лица поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, тие се обвинети за непочитување на Одлуката за забрана … Повеќе

Предложени глоби за осуммина заради непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени акти против 8 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Лицата биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола, со што … Повеќе

Обвинение за убиство и за обид за убиство во Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторени кривични дела – Убиство од член 123 став 1, Убиство (во обид) од член 123 став 1 во врска со член 19, како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки … Повеќе

Скопјанец обвинет за трговија со марихуана

По спроведена истражна постапка, Oсновното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 23-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал, држел наркотична дрога марихуана во вкупна нето количина … Повеќе

Побарани казни за 37 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози против вкупно 37 лица кои сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението и … Повеќе

Извршен увид од јавен обвинител за хеликоптерската несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска изврши увид на Меѓународниот аеродром Скопје, каде околу 11:30 часот се преврте хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. При увидот на лице место, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи, беа обезбедени трагите од хеликоптерската несреќа. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се видео … Повеќе