Соопштенија

Поднесено обвинение за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата 46-годишна жена, по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка. … Повеќе

Отворена постапка против лице кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 … Повеќе

Скопјанец под истрага за разбојништво во спортска обложувалница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 27-годишен жител на Скопје, на 10 септември, со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојништво во Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 36 години, за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 17 јули се приближил до сендвичарница на кејот на Вардар во центарот на Скопје, извадил пиштол, го репетирал и со него … Повеќе

Поднесено обвинение против скопјанец во чиј дом беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 30-годишен жител на Скопје, на 07 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро … Повеќе

Двајца браќа под истрага за недозволена трговија со наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, осомничени дека сториле по едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 26 август, во домот во кој живееле заедно, кај првиот осомничен на … Повеќе

Турски државјанин обвинет за неовластена трговија со хашиш масло

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против турски државјанин кој живее во Австрија за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 24 август со лет на една авиокомпанија пристигнал на Аеродромот … Повеќе

Скопјанец осомничен затоа што во домот држел муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело  – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 23 август, осомничениот 38-годишен скопјанец, во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од … Повеќе

Отфрлена иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата поради застареност

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против три лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Ваквото решение е донесено бидејќи настапила застареност … Повеќе

Притвор за осомничениот за убиство во Ново Лисиче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Имено, осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 … Повеќе

Скопјанец осомничен за две разбојништва

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 26-годишно лице осомничено дека сторило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 5 август влегол во просториите на финансиското друштво „М КЕШ“ ДООЕЛ во трговскиот центар „Палома Бјанка“ и со звучно-сигнален … Повеќе

Истрага против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Имено, 30-годишниот осомничен, на 7 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро Крстевски-Платник“ во … Повеќе

Петмина осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои едно е осомничено за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, додека останатите четири лица се осомничени за помагање при извршување на истото кривично дело. Во периодот од … Повеќе

Отворена истрага за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената вчера се пријавила во полициска станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство, со задушување ја лишила од … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојништво во казино во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице заради сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.4 во врска со ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20.07.2019 година, заедно со уште едно засега непознато лице, влегле во казино на ул. „12 Македонска бригада“ и со употреба на опасно орудие … Повеќе

Обвинение за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот  од март до јули 2019 година во неколку наврати од засега непознато лице, … Повеќе

Обвинение за жената која го лиши од живот сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт  против  едно лице на возраст од 50 година поради извршено  кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Обвинетата на 1 мај 2019 година, во својот дом во Студеничани,  при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По … Повеќе

Отворена истрага за разбојништвото во казиното „Адмирал“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените го сторил делото како соизвршител, додека второто осомничено лице помогнало во вршењето … Повеќе

Поведена постапка за лицето кое изврши кражба на возило и нападна тројца полицајци

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 29-годишен скопјанец поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Тешка кражба од член 236 став 2 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 став 2 во врска со став 1, како и за истото кривично дело по став 1 од … Повеќе

Поведена постапка за разбојништвото кај сендвичарата „Вили“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против  лицето кое изврши разбојништво во центарот на Скопје кај сендвичарата „Вили“  на 17 јули 2019 година, кога со употреба на сила и закана со пиштол нападнал  две лица – вработени во угостителскиот објект.  Осомничениот откако дошол во задниот дел на сендвичарата, се доближил до вработените и им се … Повеќе