Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ во која 16 лица го загубија животот, а вкупно 38 патници се здобиja со тешки телесни и телесни повреди.
Обвинение за лицето кај кое беше пронајдено оружје и муниција
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, 65-годишен жител на село Марино, во својот дом неовластено држел полуавтоматски пиштол „Црвена застава … Повеќе