Соопштенија

Истрага и притвор за дилер на дрога и психотропни супстанции од скопски Илинден

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот во Илинден, полицијата пронашла 538 грама марихуана, потоа … Повеќе

Предложен притвор против четири лица, откриено поголемо количество марихуана во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесената кривична пријава од МВР-СВР-БЈБ-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, поведе истражни постапки против четири лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот … Повеќе

Јавното обвинителство интензивно постапува во предметите кои ја засегаат безбедноста на новинарите и слободата на медиумите

Назначувањето на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за координација на предметите поврзани со безбедноста на новинарите е нотирано во најновиот Глобален индекс за слободата на медиумите на организацијата „Репортери без граници“, објавен по повод 3 мај – Денот на слободата на медиумите. Со индексот земјава е рангирана на 38 место во светот според … Повеќе

Јавниот обвинител Бубевски на состанок посветен на справувањето со хибридните закани

Граѓаните очекуваат од институциите да им ја гарантираат безбедноста, да ги заштитат, но и соодветно да ги санкционираат сите оние кои се обидуваат таа безбедност да ја загрозат. Одговорот кон хибридните закани мора да биде координиран и повеќедимензионален и мора да ги користи и најдобрите практики од понапредните земји во справувањето со ваквите предизвици, истакна … Повеќе

Истрага против лице кое пренесуваше марихуана во автомобил на скопската обиколница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен жител на селото Грчец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници, во вечерните часови … Повеќе

Истрага за убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 44-годишник, на 31 март, во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. Осомничениот, жртвата … Повеќе

Скопјанец под истрага за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување постапка против едно лице на возраст од 74 години, за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го сторил во соизвршителство со три деца на возраст од 15, 13 и … Повеќе

Татко осомничен за запуштање и малтретирање на 14-годишната ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45 – годишен државјанин на Босна и Херцеговина со привремен престој во Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од септември 2022 до 28 март годинава, со грубо запоставување на … Повеќе

Скопјанец осомничен за поседување автоматска пушка и неколку пиштоли

Основнoто јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот 41-годишен скопјанец, на 4 април, полициски службеници пронашле … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојништво во казино

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 30 јануари, во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, осомничениот со употреба на огнено оружје … Повеќе

Извршен увид во Капиштец, едно лице лишено од живот со огнено оружје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во казино на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, каде едно лице беше лишено од живот утринава. Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Извесно време играле … Повеќе

Тројца обвинети за илегална трговија со дрога и амфетамин во Скопје

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од обвинетите се гонат за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во временскиот период од почетокот … Повеќе

Притвор за осомничен за кражби на мобилни телефони во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека осомничениот на 20 и 26 октомври 2022, во продавница за облека во Градскиот трговски … Повеќе

Странски државјанин осомничен за криумчарење златен накит, цариник осомничен дека му помагал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а второто за помагање при извршување на кривичното дело. На 20 март, на граничниот премин Аеродром Скопје, на влез … Повеќе

Предложен притвор за петмина дилери на дрога и психотропни супстанции од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против петмина осомничени за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 и член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од крајот на јануари до средината на март, осомничените четворица … Повеќе

Се преземаат дејствија за расчистување на кражба на монитор од бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесено известување од Министерството за внатрешни работи за извршена кражба во просториите на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, ги издава сите потребни насоки и наредби за откривање на сторителите. Настанот се случи ноќта меѓу 15 и 16 март, кога непознати сторители со употреба на сила, освен … Повеќе

Скопјанец осомничен за два обиди за полов напад и силување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело … Повеќе

Две лица осомничени за грабнување, ОЈО Скопје предлага мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. … Повеќе

Истрага за тешка сообраќајна несреќа кај клучката Стенковец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна … Повеќе

Издадени наредби по вчерашниот оружен инцидент на улицата „Самоилова“ во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска издаде повеќе наредби во насока на расчистување на синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа лишени од живот, а едно беше повредено. По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени и подигнати траги … Повеќе