Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за ТВ 24

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за ТВ 24

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во гостувањето на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 зборуваше за повеќе предмети во надлежност на Јавното обвинителство. Целосното интервју во видеото подолу.

 

 

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со марихуана

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт за 37-годишно лице кое се товари дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 октомври, при претрес во домот на обвинетиот во Драчево, полицијата … ПовеќеСкопјанец обвинет за недозволена трговија со марихуана

Поведена истрага против турски државјанин кој пренесувал хашиш во автомобилот

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, турски државјанин, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 октомври, во возилото Цитроен кое го управувал, … ПовеќеПоведена истрага против турски државјанин кој пренесувал хашиш во автомобилот

Истрага за пронајдена импровизирана лабораторија за марихуана и масло од канабис во Гевгелија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка за две лица за кои постои основано сомнение дека ги сториле кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Овозможување на употреба наркотични дроги од член 216 став 1 од Кривичниот законик. … ПовеќеИстрага за пронајдена импровизирана лабораторија за марихуана и масло од канабис во Гевгелија

Кумановец под истрага за недозволена трговија со кокаин

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 22 октомври, осомничениот 28-годишен кумановец, движејќи се во близина на влезот … ПовеќеКумановец под истрага за недозволена трговија со кокаин

​Обвинение за кражба на мобилен телефон

Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетиот се товари дека на 15 октомври, на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“, одзел мобилен телефон вреден 30.000 денари од една оштетена. Тој ја забележал оштетената која се упатила кон … Повеќе​Обвинение за кражба на мобилен телефон

Поднесено обвинение за поседување дрога и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 во врска со член 45 и за кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по … ПовеќеПоднесено обвинение за поседување дрога и муниција

Две лица обвинети за узурпација на локација прогласена за споменик на природата во Матка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик. Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум  со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис … ПовеќеДве лица обвинети за узурпација на локација прогласена за споменик на природата во Матка

Предложени парични казни за непочитување на здравствените прописи на улица „Боемска“

По спроведена претходна постапка и обезбедување на сите релевантни докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против две физички и едно правно лице за кои постои основано сомнение дека  сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите, … ПовеќеПредложени парични казни за непочитување на здравствените прописи на улица „Боемска“

Еден обвинет за тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од март до октомври, обвинетиот во четири наврати сторил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело. На … ПовеќеЕден обвинет за тешки кражби во Скопје

Поведена истрага за тешката сообраќајна незгода во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 72-годишник, на 11 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, … ПовеќеПоведена истрага за тешката сообраќајна незгода во Трубарево

Истрага за даночно затајување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кривични дела даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, за две лица истрага е поведена за кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,  петмина се осомничени за … ПовеќеИстрага за даночно затајување

Скопјанец осомничен за разбојништво и тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1, како и две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осомничениот 22-годишник, на 26 септември, на улица „Алжирска“, со употреба … ПовеќеСкопјанец осомничен за разбојништво и тешки кражби

Обвинение за недозоволено поседување хероин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата на возраст од 39 години, во домот во кој престојувала на улица „Никола … ПовеќеОбвинение за недозоволено поседување хероин

Дрога и муниција пронајдени во дом на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомневање дека едно лице ги сторило кривичните дела –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став … ПовеќеДрога и муниција пронајдени во дом на скопјанец, поведена истрага

Отфрлени четири кривични пријави во врска со работењето на ТЕ-ТО

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава поднесена од Топлификација АД Скопје против четири физички лица (претседател на Управен одбор, нотар, извршител и адвокат) за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и против две правни лица (од Скопје и од … ПовеќеОтфрлени четири кривични пријави во врска со работењето на ТЕ-ТО

Притвор за напад врз службени лица

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи –  ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против десет лица од Прилеп поради постоење основано сомневање дека како соизвршители го сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска … ПовеќеПритвор за напад врз службени лица

Три лица осомничени за производство и продажба на марихуана во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените, како соизвршители, неовластено произведувале и држеле наркотична дрога … ПовеќеТри лица осомничени за производство и продажба на марихуана во Скопје