Татко и син од Скопје осомничени за илегална трговија со дрога и психотропни супстанции

Татко и син од Скопје осомничени за илегална трговија со дрога и психотропни супстанции

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во нивниот дом, … Повеќе

Истрага за напад врз службено лице во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено … Повеќе

Поведена постапка за насилство кон новинарска екипа

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишник, на 21 август, во Старата скопска чаршија, најпрвин упатил закани и навреди, а потоа и физички нападнал новинарска екипа на Телевизија … Повеќе

Двајца скопјани под истрага за држење автоматско оружје забрането за граѓаните

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против две лица, на возраст од 32 и 26 години, со место на живеење во иста улица во скопски Чаир. Тие се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница. Снимката недвосмислено потврдува дека за обвинителството … Повеќе

Обвинение за криумчарење злато преку скопскиот аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против српски државјанин по потекло од Република Турција за кривично дело – Криумчарење според член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и против македонски царински службеник кој е обвинет дека му помогнал да го стори делото. На 20 март … Повеќе

Татко под истрага за полови дејствија спрема сопствената малолетна ќерка

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година. Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, … Повеќе

Објавен извештајот на Јавното обвинителство за примена на посебни истражни мерки во 2022 година

Во текот на 2022 година удвоен е бројот на лица опфатени со посебните истражни мерки во однос на претходната година, а благ нагорен тренд се забележува и кај бројот на предмети опфатени со вакви мерки, покажува Извештајот за примена на посебните истражни мерки во текот на 2022 година што го објави Јавното обвинителство и го … Повеќе

Двајца браќа осомничени за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 12 август, двајцата осомничени со умисла тешко телесно повредиле едно лице … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство и тимот од јавни обвинители кои работеа на предметот поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница ги отфрлаат наводите во емисијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) кои се однесуваат на текот на истрагата за овој случај. Со очигледна цел за неоснована дискредитација и без никаков реален интерес да се презентира вистината, во емисијата … Повеќе

Поведена постапка против двајца дилери во Струга и во Тетово

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Кај 32-годишниот стружанец полицијата пронашла околу еден килограм марихуана, која ја носел со себе во картонска кутија. … Повеќе

Скопјанец осомничен за помагање при убиство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека помагало при извршување на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и во врска со член 24 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 18 февруари во … Повеќе

Притвор за осомничен за силување дете во гевгелиско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, … Повеќе

Поведена истрага за тешка сообраќајна несреќа во Скопје, двајца возачи се осомничени

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 в.в чл.297 ст.1 од Кривичниот законик и за него е доставен предлог за определување мерка куќен притвор. Во врска … Повеќе

Мерки на претпазливост за осомничени за учество во физичка пресметка со бугарски навивачи во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост против четири лица за кои е поведена постапка за учество во инцидентот кај трговскиот центар „Чаирчанка“ во кој беше повреден еден бугарски државјанин. Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 28 до 32 години учествувале во физичка … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за обид за убиство на полициски началник во Струга

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот се обидел да лиши од живот лице кое врши … Повеќе

Две лица осомничени за недозволена трговија со марихуана

Поради основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица. На 26 јули, осомничениот 47-годишен жител на струмичкото село Банско договорил со пријател да … Повеќе

Стружанец нападнал полицајци во полициска станица, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 30-годишник осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 26 јули, влегол во просториите на ОВР Струга и на полициските службеници започнал да им вика и да … Повеќе

Се постапува за расчистување на настанот со повреден бугарски навивач кај ТЦ “Чаирчанка”

Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот и ги издава сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот во кој вчера беше повреден еден навивач на фудбалскиот клуб “Левски” од Софија. Според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК “Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки … Повеќе