Извршен увид, починато девојче од струен удар во Илинден

Извршен увид, починато девојче од струен удар во Илинден

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14 годишно девојче. Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога … Повеќе

Предложен притвор за две лица – купиле и држеле автоматски пиштол

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против маж и жена од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 23 февруари, за сума од 1500 евра, осомничениот … Повеќе

Побарани мерки на претпазливост за лице осомничено за нанесување тешка телесна повреда од омраза

Основното јавно обвинителство Охрид до надлежниот суд поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост против едно лице од Битола за кое е поведена постапка за кривично дело  – Тешка телесна повреда по член 131 став 2 во врска со став 1 и  во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 19 јануари, осомничениот, заедно … Повеќе

Оформен предмет по допрен глас за смрт на пациенти во прилепската болница

Основното јавно обвинителство Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во ЈЗУ Општа болница Прилеп – жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале. Според сознанијата, веднаш по овие случаи сите оперативни сали … Повеќе

Обвинение за промовирање насилство врз жени преку компјутерски систем

Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство … Повеќе

Истрага за откриена марихуана на граничниот премин „Богородица“

Основното јавно обвинителство Гевгелија, постапувајќи по пријава од Царинската управа, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Негорци за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 17 февруари, осомничениот неовластено заради продажба пренесувал наркотична … Повеќе

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции. Целта на Меморандумот е да се  унапреди и зајакне соработката меѓу двете институции за работи од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности. Со Меморандумот се превдидува зајакнување на … Повеќе

ОЈО Велес со истрага за разбојништво

Основното јавно обвинителство Велес поведе истрага против 30-годишен велешанец под сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 17 февруари, кај местото викано „Сточно пазариште“, се приближил од зад грб на една жена, ја повлекол за чантата и започнал да ја влече. Бидејќи не можел да ѝ … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана од Скопје

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 16 февруари, при … Повеќе

Еден осомничен за тешка кражба на дрзок начин во Скопје

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 19-годишник од Штип осомничен за – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. На 16 февруари, во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, осомничениот од една оштетена жена, на дрзок начин, одзел златно ланче во вредност … Повеќе

Поднесено обвинение за повеќе кривични дела сторени преку интернет портал, оформен и нов предмет

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице, кое се товари дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – … Повеќе

Делегација на црногорскиот Парламент во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска прими делегација од Одборот за политички систем и правосудство во Парламентот на Република Црна Гора, предводена од пратениците Момо Копривица, претседател на Одборот и Борис Мугоша, член на Одборот. На средбата, Јовески ги запозна црногорските претставници со уставната и законската поставеност на Јавното обвинителство. Со оглед … Повеќе

Поднесени обвиненија за трговија со дрога во Скопје

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинителни акти во два предмети за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првиот случај, 32-годишен скопјанец e обвинет, бидејќи на 3 февруари, во продавница за … Повеќе

Велешанец осомничен дека ја наведувал на проституција неговата сопруга

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 45-годишен жител на Велес за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Посредување во вршење проституција според член 191 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во временскиот период од 2016 до октомври 2022 година, осомничениот во повеќе наврати вршел семејно насилство врз … Повеќе

Скопјанец осомничен за напад врз полицаец, одбил да застане на полициска наредба

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 14 февруари, веднаш по полноќ, во близина на влезот во фабриката Пивара Скопје, … Повеќе

Обвинение за сообраќајна несреќа со смртни последици во Велес

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 30-годишен велешанец, за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и за Неукажување помош на лице пвредено во сообраќајна незгода од … Повеќе

Шестмина осомничени за напад врз полициски службеници во Битола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против шест лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот зкаоник. Осомничените, на 10 февруари, нападнале тројца униформирани полициски службеници кои преземале службени дејствија на спроведување на лице … Повеќе

Велешанец обвинет за повеќе тешки кражби

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обевинителен предлог против едно лице за повеќе продолжени кривични дела – Тешка кражба од член 236 од Кривичниот законик, реализирани во периодот од 11.10-16.10.2022 година. Во тој период, искористувајќи слични околности и невнимание на ошетените лица, на дрзок начин, обвинетиот одзел подвижни предмети од вкупно 17 оштетени. Од продавници, обложувалници, … Повеќе

Две сестри осомничени за илегална трговија со дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две сестри, на возраст од 26 и 28 години, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член … Повеќе

Хероин пронајден во домот на велешанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против велешанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, на 9 февруари, полицијата пронашла 168 пакувања со вкупно 30,24 грама хероин, … Повеќе