Соопштенија

Побарана казна од 1000 евра за непочитување на полицискиот час во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 26 март во 02:45 часот, за време на полицискиот час бил затекнат со автомобил кај клучката Прдејци. Со ова … Повеќе

Побаран притвор за двајцата насилници од Штип

Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе Предлог за определување притвор за две лица, жители на Штип на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените во текот на јануари 2020 … Повеќе

Предложена казна за прекршување на полицискиот час во Дебар

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице  за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 30 март, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за … Повеќе

Вкупно 45 лица обвинети заради непочитување на здравствените прописи во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави 39 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 45 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација во … Повеќе

Обвинет штипјанец кој не се придржувал на здравствените мерки

Со Предлог за издавање казнен налог поднесен до Основниот суд Штип, Основното јавно обвинителство во Штип побара изрекување парична казна за едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот не ги почитувал мерките и препораките на надлежните институции … Повеќе

Парични казни за 20 обвинети од Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози за 20 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не ги почитувале одлуките на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен … Повеќе

Поведена постапка за двајцата насилници од Штип

Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавени видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице. Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично-правниот настан преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од … Повеќе

Казнени налози за две лица од Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Првиот обвинет на 17 март пристигнал од Република Србија,  земја со среден ризик за ширење на заразната болест COVID-19. При влез … Повеќе

Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непостапување по здравствените прописи

Обвинетите 11 лица, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Еден од нив пеш, а другите со возила се движеле во Радовиш и околината, со што  не постапилe според мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест  предизвикана … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кавадарци предложи парични казни за 20 лица

Од ОВР Неготино до Основното јавно обвинитeлство Кавадарци денеска беа доставени кривични пријави за 22 лица, од кои 20 полнолетни и две деца, кои што во временскиот период од 25 – 29 март го прекршиле полицискиот час. Двајца од нив патувале со возило во Неготино и околината. Другите се движеле пеш во градот Неготино и … Повеќе

Постапки за прекршување на полицискиот час против вкупно 43 лица во Скопје

Во текот на денешниот ден, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 38 предлози за издавање казнени налози против вкупно 43 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети во различни периоди и на различни локации во Скопје биле затекнати додека не … Повеќе

Предложена казна за прекршување на полицискиот час во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 32 години, жител на селото Уларци, заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 23 март, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на … Повеќе

Две лица обвинети за прекршување на полицискиот час на територијата на Битола

Со предлози за издавање казнени налози, Основното јавно обвинителство Битола побара парични казни за две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. На 31.03.2020 година обвинетите  во одделни кривично правни настани, не постапиле според Одлуката на Владата на Република … Повеќе

Предложени парични казни за пет лица од Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово  поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Првиот обвинет на 19 март пристигнал од Република Хрватска,  земја со среден ризик за ширење на заразната болест COVID-19. При влез … Повеќе

Побарани казни за уште тројца прекршители на полицискиот час во Скопје

Предлог за издавање казнен налог против уште три лица поднесе Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне. Обвинетите се товарат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. На 24 и 25 март на различни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на Одлуката … Повеќе

За кумановец обвинителството предложи парична казна заради непочитување на самоизолација

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 18 март, допатувал од Србија-земја со средно ниво на ризик. Иако, на граничниот премин бил предупреден за здравствените прописи … Повеќе

Гостиварското обвинителство денеска обвини девет лица

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица за сторено кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Во одделни кривично правни настани, обвинетите  на 29.03.2020 година за време на полицискиот час со возила се движеле низ градот и … Повеќе

Постапки за прекршување на полицискиот час на територијата на Скопје

Против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје. Обвинетите, во различни кривично-правни настани, во периодот од 25 до 29 март, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната … Повеќе

Четири лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола во текот на денешниот ден до Основниот суд Битола достави предлози за издавање казнени налози против четири лица кои биле затекнати при непочитување на забраната за движење во текот на полицискиот час. Лицата се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став … Повеќе

Албански државјани обвинети за непочитување на полицискиот час во Струга

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица, државјани на Република Албанија, заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, на возраст од 26 и 20 години, на 29 март околу 19 … Повеќе