Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски денеска во Тирана оствари средба со Главниот обвинител на Албанија г. Адриатик Лала, на која стана збор за проширување на натамошната соработка, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваат обвинителствата во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Средба на Јавниот обвинител на Република Македонија со шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје
Јавниот обвинител на Република Македонија, г-динот Марко Зврлевски попладнево оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, амбасадорот Самуел Жбогар. На средбата од протоколарен карактер се разговараше за поставеноста и функционирањето на Јавното обвинителство, како орган надлежен за спречување и борба против криминалот.