Роден е 1960 година во Велес. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1986), по што го положил и правосудниот испит.
Од 1989 до 1997 година работел како приправник и стручен соработник во Општинскиот суд – Скопје, по што станува заменик-обвинител во Основното јавно обвинителство – Скопје каде бил ангажиран на кривични предмети од целата првостепена надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје.
Учествувал на повеќе домашни и меѓународни семинари од областа на кривичното право, финансискиот криминал и перењето пари, за трговија со луѓе во кои се јавува како едукатор од областа на заштитата на човековите права – фер судење и судење во разумен рок.
За Јавен обвинител на Република Северна Македонија е избран во 2007 година и оваа функција ја извршува до 2013 година.
Денес работи како адвокат.