Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Крива Паланка за 2018 година

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за лицето кое изврши кражба во црква

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело  – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот кражбата на 150.000,00 денари ја извршил ноќта меѓу 22 и 23 март годинава. Како што веќе извести обвинителството, обвинетиот насилно ја отворил влезната … Повеќе

Осомничено едно лице за уништување на заштитениот појас на Охридското Eзеро

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривични дела  – Узурпација на недвижност од член 225 и Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Осомничениот во повеќе наврати, започнувајќи од август минатата година, ангажирал … Повеќе

Жител на Јурумлери осомничен за кражба на 150.000 денари од црква

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно 36-годишно лице осомничено дека сторило кривично дело – Тешка кражба, предвидено и казниво согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, ноќта меѓу 22 и 23 март годинава, насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и влегол … Повеќе

За разбојништва и тешка кражба обвинето едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за извршени две кривични дела  – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, како и за едно дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот првото дело го сторил на  04.12.2018 година, во … Повеќе

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за сечење на трската од езерското крајбрежје

На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Со ваквите дејствија осомничените постапиле … Повеќе

Истрага за неовластено пуштање во промет на марихуана пронајдена на задно седиште во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кое неовластено заради продажба држело наркотична дрога – марихуана. За лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 23.03.2019 година … Повеќе