Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на местото на авионската несреќа

Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на местото на авионската несреќа

Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се на увид во реонот на планината Јакупица каде што вчера се урна авион од типот „Цесна“ со четворица патници. Обвинителите го вршат увидот заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции за утврдување на причините за авионската несреќа.

Јавното обвинителство ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на изборите

Јавниот обвинител на Република  Северна Македонија формираше привремена Комисија за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет  – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите на 21 април 2019 во прв круг и 5 … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт за предметот „Пасоши“

По сеопфатна меѓународна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесе Обвинителен акт против три лица, македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со … Повеќе