Буџет на Јавното обвинителство на Република Македонија за 2018 година

Средба на Јавниот обвинител на Република Македонија со претставници на Здружението на новинари на Македонија

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денес се сретнаа со новиот Јавен обвинител Љубомир Јовески, на која се разговараше за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани изрази загриженост дека во Македонија постои политика на неказнивост на насилството на новинари. Селмани побара од Јовески обвинителството побрзо да ги процесуира … Повеќе

ИЗЈАВА на Јавниот обвинител на Република Македонија

Апелирам до политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што е случајот деновиве. Обвинителите својата работа ја вршат и одлуките ги носат и ќе ги носат исклучиво врз основа на одредбите од законот и изведените докази. Со моето доаѓање на функцијата Јавен обвинител на Република … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје го расветлува убиството во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за обезбедување и прибирање траги од лице место за настанот кој се случи синоќа во скопски Чаир, кога едно лице беше лишено од живот. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на починатата. Обвинителството презема бројни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот и … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас отвори постапка за Загадување на животната средина и природата

По допрен глас отворен е предмет во Основното јавно обвинителство Скопје за  кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик. Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје истражува пронајдена дрога во Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, извршија претрес на дом и други простории во скопско Арачиново, поради сомнение за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп ги разоткрива причините за пожарот во кафе бар

По поднесена кривична пријава против едно лице од Прилеп, на возраст од 24 години, Основното јавно обвинителство Прилеп води постапка за основано сомнение дека лицето сторило кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од чл.292, ст.1 во врска со чл.288, ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот на ден 31.12.2017 година во три часот по полноќ … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кичево ја расветлува сообраќајната несреќа во која животот го загуби тримесечно бебе

На магистралниот пат Кичево – Македонски Брод, вчера попладне околу 17.00 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби тримесечно бебе, а петмина учесници во сообраќајот се тешко повредени. Веднаш по несреќата од страна на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и увидна екипа од Министерството за внатрешни работи е … Повеќе

Финансиски извештај за 2016 година на Основното јавно обвинителство – Тетово

Биланс на состојба ОЈО Тетово Даночен биланс ОЈО Тетово Извод ос промет на сметка Приходи и расходи ОЈО Тетово Приходи по дејности ОЈО Тетово Посебни податоци ОЈО Тетово Решение за извршена промена кај деловните субјекти Допис до ЈОРМ Допис до ЦР Изјава ОЈО Тетово

Финансиски извештај за 2016 година на Основното јавно обвинителство – Свети Николе

Биланс на состојба 2016 година ОЈО Свети Николе Даночен биланс 2016 година ОЈО Свети Николе Посебни податоци 2016 ОЈО Свети Николе Приходи и расходи ОЈО Свети Николе Структура на приходи по дејности ОЈО Свети Николе