Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес по вчерашното разбојништво во Велес во насока на утврдување на околностите на стореното кривично дело, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца скопјани и еден велешанец кој е недостапен на органите на прогонот. Сите три лица се осомничени дека сториле кривично дело Разбојништво од чл.237 од Кривичниот законик, а на првоосомничениот му се става на товар и кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија во Струмица
Во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против изборите и гласањето, денеска во Општина Струмица Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведе акција. Се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на Претседателските и Парламентарните избори во 2014 … Повеќе