Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се обрати на 107-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Северна Македонија, во рамките на јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.
Поднесено обвинение за закани објавени на Фејсбук
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно … Повеќе