Битолското обвинителство побара притвор заради разбојничка кражба

Битолското обвинителство побара притвор заради разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка со донесување на Наредба за спроведување истражна постапка против 22 – годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 20 јули 2021 година, околу 13.30 часот во Битола, на улица пресретнал жена … ПовеќеБитолското обвинителство побара притвор заради разбојничка кражба

Промоција на Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023

Денеска беше одржана промоција на Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023, на која свое обраќање имаа јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на … ПовеќеПромоција на Националната стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023

Обвинение за тренерот по џудо заради полови дејствија врз деца

Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело  по  член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска … ПовеќеОбвинение за тренерот по џудо заради полови дејствија врз деца

Притвор заради разбојништво врз мигранти

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 21 година, државјанин на Пакистан поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска  со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 18.07.2021 година, околу пладне, во планинскиот предел на м.в „Под камен“, во атар на с. Лојане, општина Липково, … ПовеќеПритвор заради разбојништво врз мигранти

Поведена постапка за недозволено поседување на оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен скопјанец, за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Kривичниот законик. При извршен петрес во помошните простории на домот во која живее осомничениот, на 2 јули 2021 година, овластени … ПовеќеПоведена постапка за недозволено поседување на оружје

Притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 69-годишен жител на село Доброште поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен преглед на обвинетиот и неговото возило на регионалниот … ПовеќеПритвор за дилер на дрога

Предлог за издавање казнен налог за гостварец кој ги повредил семејните обврски

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против лице на возраст од 53 години, за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски од член 203 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот во неутврден временски период со груба повреда на законските обврски, намерно навремено … ПовеќеПредлог за издавање казнен налог за гостварец кој ги повредил семејните обврски

Обвинение за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 49-годишен гостиварец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес од страна на овластени службени лица, на 30 јуни 2021 година кај наплатната рампа Глумово, кај … ПовеќеОбвинение за дилер на дрога

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишен гостиварец за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на Основниот суд во Гостивар да определи парична казна во висина од 100 дневни глоби, за лицето кое на 25 … ПовеќеПарична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час

Поведена постапка за полов напад врз дете и дистрибуција на детска порнографија

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а … ПовеќеПоведена постапка за полов напад врз дете и дистрибуција на детска порнографија

Работна средба со Генералниот обвинител на Руската Федерација

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески оствари средба со Генералниот обвинител на Руската Федерација Игор Краснов. ​ Во рамки на досегашната успешна соработка помеѓу двете обвинителства, на средбата беше потенцирана заедничката заложба за размена на искуства во борбата против организираниот , транснационалниот и компјутерскиот криминал, како и заштитата на човековите права. Јовески и … ПовеќеРаботна средба со Генералниот обвинител на Руската Федерација

Притвор за дилер од Тетово

Основното јавно обвинитетслво Тетово поведе истражна постапка и до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против 33-годишен жител на с. Доброште, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Кај … ПовеќеПритвор за дилер од Тетово

Шеесетгодишник обвинет за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт потив 60-годишно лице за сторено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, жител на село Миладиновци, на 3 февруари, на улицата „Беровска“  во Скопје, вршел полови дејствија пред три деца кои не … ПовеќеШеесетгодишник обвинет за задоволување полови страсти пред деца

Учество на Меѓународна конференција на шефовите на обвинителствата од Европа

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, заедно со јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Елвин Вели и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска  учествуваат на Меѓународна конференција „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот  интерес во светло на препораките … ПовеќеУчество на Меѓународна конференција на шефовите на обвинителствата од Европа

Поднесено обвинение за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 31 јануари 2021 година, околу 16:30 часот во Гостивар, ја загрозил сигурноста на оштетениот вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство … ПовеќеПоднесено обвинение за насилство

Притвор за дилери од Велес

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Велес, на возраст од 51  и 41 година, поради постоење на основано сомневање дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени на 29.06.2021 година, во викендичка во Велес, по претходен заеднички … ПовеќеПритвор за дилери од Велес

Притвор за жената која во Тетово го уби невенчаниот сопруг

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против  жителка на с. Мала Речица, тетовско на возраст од 39 години, за која постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело Убиство од член 123 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничената на 27 јуни 2021 година, во домот во кој живеела, околу 11:00 часот, во подрумските простории … ПовеќеПритвор за жената која во Тетово го уби невенчаниот сопруг

Двајца обвинети за тешки кражби во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат дека сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 35-годишен скопјанец и обвинетата 25-годишна скопјанка, по претходен договор заеднички влегле во куќа на улица „Венијамин Мачуковски“ и додека станарите спиеле, од масата … ПовеќеДвајца обвинети за тешки кражби во Скопје

Обвинение заради фалсификување пари

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 55-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 2 декември 2020 година, околу 20:40 часот во Гостивар на бензиска станица лоцирана на магистралниот пат, пуштил во оптек лажни пари. Имено, тој со лажна банкнота од 100 евра, за која знаел … ПовеќеОбвинение заради фалсификување пари