Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа

Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на магистралниот пат Градско-Прилеп каде што утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а петмина се повредени. Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на автомобил „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „Ланд Ровер“ со велешки … Повеќе

Скопјанец осомничен за две разбојништва

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 26-годишно лице осомничено дека сторило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 5 август влегол во просториите на финансиското друштво „М КЕШ“ ДООЕЛ во трговскиот центар „Палома Бјанка“ и со звучно-сигнален … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека снимките објавени во еден италијански медиум поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството. Станува збор за аудио и видео материјали кои се дел од доказната постапка во предметот и кои до јавното обвинителство беа доставени од сведок во предметот. Јавното обвинителство во предметот постапува професионално и неселективно. … Повеќе

Истрага против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Имено, 30-годишниот осомничен, на 7 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро Крстевски-Платник“ во … Повеќе

Основното јавно обвинителство Струмица ги испитува причините за пожарот во гаражата на Судот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во гаража на Основниот суд во Струмица каде попладнево избувна пожар. Според првичните сознанија, опожарено е едно службено возило на судот, како и предмети одземени со правосилни судски пресуди донесени пред повеќе години. Во насока на утврдување на причините за пожарот, издадена е наредба за … Повеќе

Велешанец под истрага за трговија со дрога во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 38-годишен жител на Велес, на 6 август, неовластено заради продажба во својот автомобил превезувал 4.223,39 … Повеќе

Петмина осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои едно е осомничено за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, додека останатите четири лица се осомничени за помагање при извршување на истото кривично дело. Во периодот од … Повеќе

Отворена истрага за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената вчера се пријавила во полициска станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство, со задушување ја лишила од … Повеќе

Извршен увид на местото на сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес-Штип

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес синоќа изврши увид на регионалниот пат Велес-Штип, кај Ново Село, на местото каде се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а 14 беа повредени. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога комбе управувано од 30-годишно лице од Скопје, со кое се превезувале … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојништво во казино во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице заради сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.4 во врска со ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20.07.2019 година, заедно со уште едно засега непознато лице, влегле во казино на ул. „12 Македонска бригада“ и со употреба на опасно орудие … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по проучување на наводите го раздвои постапувањето по  кривичната пријава  од Министерството за финансии, Управа за финансиска полиција поднесена на 19.06.2019 година, против 6 физички и едно правно лице – Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ – ТО АД Скопје. Според наводите … Повеќе

Поведена постапка против двајцата цариници кои примале поткуп

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле едно кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 28.07.2019 година околу 02,50 часот на Граничниот премин „Табановце-Патен“ во својство на службени лица-царински службеници вработени во Царинската Управа на Република … Повеќе

Утврдена е насилна смрт кај пронајдено лице во кичевско Црвевци

Во текот на вчерашниот ден, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со службени лица од полицијата, по пријавен настан вршеше увид на лице место во семејна куќа во село Црвевци, кичевско каде беше пронајдено починато лице.  Починатиот, 75-годишен жител на селото живеел сам во куќата. Поради сомнение за причините за смртта која … Повеќе

Истрага за две лица кај кои беше пронајдена дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, албанските државјани на возраст од 21 и … Повеќе

Се прибираат вербални докази во предметот за противзаконито влијание и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испитува лица за кои цени дека со даден исказ можат да помогнат во натамошното  утврдување на факти во предметот  кој се води против две лица за кривични дела – Примање награда за противзаконито влијание и  Перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот … Повеќе

Поведена постапка за лицата кои превезуваа дрога на граничен премин

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против  две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 22.07.2019 година лице на возраст од 32 години во товарно моторно возило со полуприколка неовластено заради продажба … Повеќе

Обвинение за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот  од март до јули 2019 година во неколку наврати од засега непознато лице, … Повеќе

Обвинение за жената која го лиши од живот сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт  против  едно лице на возраст од 50 година поради извршено  кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Обвинетата на 1 мај 2019 година, во својот дом во Студеничани,  при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По … Повеќе

Обезбеден е и вториот мобилен телефон во истрагата за противзаконито влијание и перење пари

По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден е пронајден вториот мобилен телефон на јавниот обвинител по кој се трагаше. По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон … Повеќе

Отворена истрага за разбојништвото во казиното „Адмирал“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените го сторил делото како соизвршител, додека второто осомничено лице помогнало во вршењето … Повеќе