Тројца албански државјани под истрага за производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Тројца албански државјани под истрага за производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против тројца државјани на Република Албанија заради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст. 1 од Кривичниот законик. Лицата се осомничени дека во Република Албанија неовластено … Повеќе

Продолжува истрагата за недозволено тргување со алкохол

Основното јавно обвинителство Кавадарци по допрен глас поради постоење на основи на сомнение дека е сторено кривично дело Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра односно стоки од чл.60 од Законот за акцизи, отвори две предистражни постапки. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде насоки и наредби за прибирање на податоци … Повеќе

Мерки на претпазливост за осомничениот за Злоупотреба на службена положба и овластување

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривичната пријава против едно лице поднесена од Министерството за внатрешни работи. Осомничениот се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување на службено дејствие и со тоа сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител оценувајќи дека се исполнети законските услови … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кавадарци истражува недозволено тргување со алкохол

Во координација со Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден откриена е поголема количина алкохол во правно лице во Кавадарци. По спроведување на акцијата најдени се над 9000 шишиња алкохол спакувани во количина од по 0,7 литри или 1 литар,  кои немаат маркица за акцизи. Управителот на правното лице каде што се пронајдени … Повеќе

Се истражуваат причините за смртта на пронајденото лице на регионален пат

Вчера, околу 18 часот пронајдено е починато машко лице на средина на коловозот на регионалниот пат Велес – Градско. По идентификацијата е утврдено дека починатото лице е Д.В. , триесет и тригодишен жител на с. Аџиматово, општина Лозово. Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место при што се пронајдени траги кои се дадени … Повеќе

Настанот во с.Теранци се истражува од Основното јавно обвинителство Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани презема дејствија за расветлување на настанот кој се случил вчера вечерта во с. Теранци, кога по семејна расправија татко со ладно оружје нападнал син. Според првичните сознанија на нападот претходела расправија која веќе подолго време во континуитет се одвивала во семејниот дом. Според првичните сознанија, таткото на возраст од 78 години, … Повеќе

Се истражуваат наводите за трошењето во Државната комисија за спречување на корупција

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција. По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции. … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје предложи мерка Притвор за примање награда за противзаконито влијание во општина Шуто Оризари

Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик. Осомничениот како вработен во општината Шуто Oризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на сообраќајната несреќа на патот Прилеп-Градско во која животот го загуби едно лице. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при директен судар на патничко такси-возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „волво“ со велешки таблички. Во несреќата животот го загубил возачот … Повеќе

Започната истрага против едно лице за трговија со дете

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги написите во врска со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје отвори предмет по допрен глас. Надлежен јавен обвинител по спроведени предистражни дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет за загинувањето на планинарите на Кајмакчалан

Основното јавно обвинителство Скопје постапува за расветлување на настанот на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животот го загубија двајца македонски планинари. Надлежен јавен обвинител издаде Наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на тоа кој, кога … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Велес  ја известуваат јавноста дека активно преземаат дејствија за утврдување на фактите во врска со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.  Имајќи предвид дека  постои јавен интерес за настаните поврзани со девојчето, а … Повеќе

Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на местото на пожарот во с. Песочан

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид го заврши увидот на местото каде синоќа избувна пожар во кој животот го загуби едно лице. По наредба на јавниот обвинител, на увидот присуствуваше и вешто лице од областа на електротехника кој ќе треба да изврши вештачење на околностите за настанатиот пожар. Идентитетот на починaтиот ќе се утврдува … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на местото каде утринава се случи убиство и самоубиство

Утринава околу 3.30 часот, по семејна расправија, сега починатиот Б.Л. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 26 годишната ќерка и … Повеќе

Основното јавно обвинителство Охрид врши увид на местото на пожарот во кој утринава почина едно лице

По пријава од сосед за пожар на булевар „Туристичка“ во Охрид, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид излезе на увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Опожарениот стан што се наоѓа на високо приземје во повеќекатница бил веднаш изгаснат од противпожарната служба, притоа е констатирано дека има починато … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес спроведува истражна постапка за полов напад над дете

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против педесет и пет годишен маж поради постоење на основано сомневање дека извршил кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од член 188 ст.1 од Кривичниот законик. Според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес истражува разбојништво

Основното јавно обвинителство Велес издаде Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека со фантомка на главата на 02.02.2018 година влегло во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперило пиштол, барајќи пари. Жената му рекла да си … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ја расветлува смртта на родилката

Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна известување од СВР Скопје во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредби за прибирање на потребната документација и податоци. По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на … Повеќе

Одржана е прва средба помеѓу Јавниот обвинител на Република Македонија и Специјалниот Јавен обвинител

Актуелната состојба во обвинителствата, идната редовна комуникација, потребата од размена на искуства, заедничката определба и подготвеност за соработка со цел поефикасно гонење на сторителите на кривичните дела, беа теми на кои се говореше на првата средба помеѓу Јавниот обвинител на Република Македонија и Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за производство и промет на дрога

Осомничениот, грчки државјанин, на 28 јануари пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 309,6 килограми што била наменета за продажба. Дрогата ја пренесувал во товарно возило „Сканиа“ со грчка регистарска ознака. Во возилото, меѓу  разновидната стока наменета за превоз од Атина, Република Грција до Вупертал, Република Германија, осомничениот пренесувал и 95 вреќи ориз со … Повеќе