ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати за судија на Република Македонија во Европскиот суд за човекови права

ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати за судија на Република Македонија во Европскиот суд за човекови права

Врз основа на Одлуката за основање на Комисија за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права бр. 42-1963/1 од 23.02.2016, а во врска со член 22 од Европската конвенција за човекови права, Комисијата за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, … Повеќе

Тешка сообраќајна незгода на патот Прилеп-Градско

Попладнево околу 15 часот, на магистралниот пат Прилеп-Градско се случи тешка сообраќајна незгода, во која животот го загуби петгодишно девојче. Несреќата се случила кога автомобил Форд Фиеста со велешки регистарски таблички излетал од коловозот и се превртел. Во автомобилот, освен девојчето, патувале и нејзиниот татко, баба и дедо. Останатите патници не се повредени. Се работи … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје апелира да не се изнесуваат шпекулации за смртта на девојката во Аеродром

Основното јавно обвинителство – Скопје ги прибира информациите за расветлување на смртта на девојката во Аеродром, која почина откако падна од висококатница.  Се очекува доставување на комплетните податоци од страна на МВР на РМ – СВР Скопје  од делот на спроведените полициски истраги и прибраните известувања од сите граѓани кои имале сознанија за овој настан, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за смртта на девојката од скопски Аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје започна со спроведување дејствија веднаш по смртта на девојката во Аеродром, која почина откако падна од висококатница. Донесена е Наредба согласно член 247 од Законот за кривична постапка, со која телото на покојната е предадено на Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје за да се … Повеќе

Закон за платите на јавните обвинители

„Службен весник на РМ“ бр.153_од 23.12.2009 Изменувања и дополнувања на Законот за платите на јавните обвинители: „Службен весник на РМ“ бр.67 од 14.05.2010 „Службен весник на РМ“ бр.231 од 31.12.2015

Закон за јавнообвинителска служба

„Службен весник на РМ“ бр.62 од 20.04.2015  Изменувања и дополнувања на Законот за јавнообвинителска служба: „Службен весник на РМ“ бр. 231 од 31.12.2015 „Службен весник на РМ“ бр. 11 од 25.01.2016

Кривичен законик

Пречистен текст (заклучно со „Службен весник на РМ“ бр.55 од 2013) Изменувања и дополнувања на Кривичниот законик: „Службен весник на РМ“ бр.82 од 5.06.2013 „Службен весник на РМ“ бр.28 од 6.02.2014 „Службен весник на РМ“ бр.14 од 24.01.2014 „Службен весник на РМ“ бр.27 од 5.02.2014 „Службен весник на РМ“ бр.115 од 1.08.2014 „Службен весник на РМ“ … Повеќе

Македонски државјанин под истрага за криумчарење 13 мигранти, меѓу кои и две деца

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, постапувајќи по Кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи од 04.03.2016 година донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 – годишен македонски државјанин.  Истражната постапка е поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Криумчарење мигранти од чл.418-б ст.4 в.в. со … Повеќе

Се води постапка против едно лице кое нападна јавен обвинител во Тетово

Вчера во Основниот суд – Тетово додека во постапка по предмет се објавувала пресудата, едно од присутните лица во судницата извршило напад над надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово. Имено, осомничената која е роднина на осуденото лице, вербално се заканувала на јавниот обвинител и физички го нападнала. По интервенција на судската полиција осомничената … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија во Струмица

Во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против изборите и гласањето, денеска во Општина Струмица Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведе акција. Се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на Претседателските и Парламентарните избори во 2014 … Повеќе

Средба на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски со заменик-помошникот државен секретар на САД Хојт Брајан Ји

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски денеска го прими во посета заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент Хојт Брајан Ји. На средбата, стана збор за справувањето со тероризмот и санкционирањето на учеството во странски војски, како и за подготвеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија за справување со … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите​. Разликата што се појавува во однос на доказите … Повеќе

РЕАКЦИЈА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство – Скопје реагираат на денешното соопштение на Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во кое се наведени како институции што одбиваат соработка со истото. Основното јавно обвинителство за гонење на … Повеќе

Обвинение против едно лице кое при вршење семејно насилство се обиде да ја лиши од живот сопругата

Надлежен јавен обвинител поднесе обвинителен акт против четириесет и четири годишниот В.Д. од Скопје за сторено кривично дело Убиство (во обид). Обвинетиот се товари дека на 03.01.2016 година ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки животозагрозувачки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со истрагата за авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и неговите сопатници, информира дека до овој момент од досега утврдените факти во предметот, како и од поднесениот извештај од Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата и од други … Повеќе

Јавен обвинител врши увид на лице место во с. Добреште каде денеска две лица се тешко повредени

Четириесет и пет годишен жител на село Дебреште е осомничен за нанесување на тешки телесни повреди со нож. Денеска тој нападнал и повредил две лица, неговата поранешна сопруга и нејзиниот татко. Според првичните сознанија, осомничениот и порано се заканувал на поранешната сопруга и нејзините родители. Тој денеска пристигнал во куќата на таткото на оштетената и … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово поднесе обвинение против лекар – гинеколог за сторено кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето

Поднесеното обвинение против лекарот гинеколог од Клиничката болница од Тетово го товари за несовесно постапување при пружање лекарска помош, поради што е предизвикана смрт на едно лице. Имено, во август минатата година, при вршење на царски рез врз пациентка, обвинетото лице не ги презело сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици, … Повеќе