По добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата, денес надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело од чл. 146 ст.1 точка 1,2,3 и 7 од Законот за кривична постапка. Судијата на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост. Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Поднесен е обвинителен акт против дадилката од Ѓорче Петров поради запуштање и малтретирање на дете
Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице, од член 201 од Кривичниот законик. Кривична пријава беше поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, по што обвинителството поведе постапка против едно лице ангажирано како дадилка од страна на родителите … Повеќе