Основното јавно обвинителство – Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и Предлог за одредување на мерка – Притвор против двајца државјани на Република Полска

Основното јавно обвинителство – Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и Предлог за одредување на мерка – Притвор против двајца државјани на Република Полска

На ден 11.11.2014 година, на граничниот премин Табановце, при контрола на патничко возило со полски регистарски ознаки, на излез од Република Македонија, од страна на овластени службени лица од Царинската управа на Република Македонија, во посебно направено дупло дно, во задниот браник од возилото, пронајдени се 45 пакетчиња наркотична дрога со вкупна нето маса од … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје спроведува предистражни дејствија во врска со демолирањето на кафе барот „Дамар“

Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема потребните дејствија за утврдување на фактите, околностите и доказите во врска со демолирањето на кафе барот „Дамар“. Настанот се случи вечерта на 23 октомври, кога во просториите на кафе барот беше организирана прослава на ЛГБТИ Центарот. Надлежниот јавен обвинител изврши увид на лице место по пристигнатото известување за слученото, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за убиството извршено во населба Ѓорче Петров

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши во целина истрагата за убиството на матурантот во населбата Ѓорче Петров. Врз основа на утврдените факти и докази во предметот поднесе Обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 Скопје  против едно лице за сторени кривични дела Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Велес предложи маерка – Притвор против сторителот на трикратното убиство во Кавадарци

Надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице кое се гони за сторени три кривични дела – Убиство. Во тек е истражна постапка во која се прибираат сите потребни докази и факти во предметот, како основа за идна јавнообвинителска одлука. Сметајќи дека се исполнети и законските основи, надлежниот обвинител достави Предлог … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Велес ја истражува сообраќајната несреќа во која товарен воз во Велес усмрти емигрант од Сирија

Утринава во 5.50 товарен воз кој сообраќал во правецот Скопје – Гевгелија, поминувајќи по пругата во центарот на Велес, усмрти мигрант од Сирија. Машиновозачот забележал колона од дваесетина луѓе како се движат по другиот колосек, но еден од нив преминал во последен момент и покрај дадената звучна сигнализација, несреќата неможела да се избегне. Надлежен обвинител … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Велес презема дејствија за расчистување на тројното убиство во Кавадарци

На лице место на настанот увид изврши надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, со што ја започна истражната постапка против едно лице за сторено кривично дело – Убиство. Првичните сознанија утврдија дека сторителот на делото од живот ги лишил сестрата и родителите на поранешната сопруга. Јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на трите тела и … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

При претрес во живеалиштето на осомничениот, закупен стан, пронајден е направен систем за производство на наркотична дрога во дрвен шкаф – ормар, со вграден систем за загревање и вентилација. Во внатрешниот дел се пронајдени неколку саксии од наркотичната дрога канабис. Во станот се пронајдени и неколку кеси на семе за расад на наркотичната дрога, како и … Повеќе

СООПШТЕНИЕ по повод протестот на група граѓани пред зградата на Јавното Обвинителство

Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека денес, во периодот од 14.30 до 15.00 часот, група граѓани протестираа при што го блокираа влезот на зградата на Јавното обвинителство. За причините за протестот како и за неговото одржување во Јавното обвинителство не пристигна никаква информација, ниту пак од страна на граѓаните кои протестираа беше … Повеќе

СООПШТЕНИЕ по повод натписите во медиумите во врска со барањата до обвинителството да издаде Наредба за обдукција и ДНК анализа

Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека согласно постоечката норматива, јавното обвинителство има надлежност за кривични дела кои се сторени на територија на Република Македонија, како и за сторители на кривични дела кои сториле кривично дело во странство но, во моментот се наоѓаат на територија на Република Македонија, како и за странец кој … Повеќе

Основното јавно обвинителство -Скопје презема дејствија за откривање на сторителите на детонациите во Владата на Република Македонија

Во синоќешните часови, околу 22 часот и 20 минути, во зградата на Владата на Република Македонија од страна на непознат сторител детонирани се два проектили. Надлежниот јавен обвинител излезе на местото на настанот и изврши увид. Во моментот се преземаат дејствија за откривање на сторителите. Секое наведување на непоткрепени детали би претставувало шпекулација. Во интерес … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомниченото лице од Дебар

Во врска со кривичната пријава од ПС – Дебар и одредување на мерка – Краткотраен притвор, за што Јавното обвинителство на Република Македонија информираше вчера, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар денес, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомниченото лице од Дебар, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар предложи краткотраен притвор против едно лице осомничено за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години

Делото го пријавил вујкото на малолетното девојче во Центарот за социјални работи, по што веднаш е започната истрагата од страна на надлежните органи. Поднесена e и кривична пријава од ПС – Дебар, против едно лице кое е осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Основното јавно обвинителство … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведува истрага против девет осомничени лица

Повеќемесечната претходна постапка што се спроведуваше од месец февруари до денес, утрово резултираше со наредба од надлежниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција за спроведување на истрага против девет осомничени лица. Осомничените се товарат за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 , а во врска со … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје води истрага против три лица за лишување од слобода и тешка телесна повреда на едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против три лица кои се товарат дека противправно лишиле од  слобода едно лице и му нанеле тешка телесна повреда. Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Предлог за определување на мерки на претпазливост против осомничените. … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за сторено кривично дело – Убиство

Убиството за кое е поднесен Обвинителниот акт против две лица беше извршено на 21 март годинава, кога обвинетите  лишија од живот малолетно лице – девојче на возраст од три години. По завршувањето на истрагата и прибирањето на сите докази, Основното јавно обвинителство Скопје го поднесе обвинението според кое ги товари сторителите за квалифициран облик на … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар спроведува истрага против едно лице за сторено кривично дело – Убиство

Надлежен обвинител изврши увид на лице место за кривичниот настан кој се случи на 7 октомври во Гостивар, кога едно лице почина од насилна смрт. По извршениот увид од страна на обвинителот и на крим техника, дадена беше и Наредба за обдукција. Следеше Кривична пријава против осомничениот за извршено кривично дело –  Убиство од член … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 25 лица – вработени во Основниот Суд Скопје 1 Скопје – оддел за прекршоци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 25 лица, сите вработени во Основниот Суд Скопје 1 Скопје – оддел за прекршоци, за основано сомнение дека сториле кривично дело – Несовесно работење во службата, од член 353-в ст.3 вв со ст.1, во врска со член 45 од Кривичниот Законик на Република … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено кривично дело Измама

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба эа спроведување на истражна постапка против три лица осомничени за кривично дело Измама. Осомничените се товарат за дела извршени во 2013 година кога со намера за себе да прибават противправна имотна корист, лажно прикажувале факти во исправките на даночните … Повеќе