Настани

Коцевски на меѓународна конференција во Тирана: „Јакнење на отчетноста – Зајакнување на напорите во борбата против корупцијата“

„Прашањето на независноста на обвинителството е нераскинливо поврзано со прашањето за интегритетот. И тука мислам не само на индивидуалниот интегритет на јавните обвинители, туку и на институционалниот, колективен интегритет на обвинителството како целина“, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски кој денеска во Тирана се обрати на меѓународната конференција „Јакнење на отчетноста – … Повеќе

Коцевски одржа работна средба со раководителите на основните и вишите јавни обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа работна средба со шефовите на сите основни и виши јавни обвинителства, на кои им ги презентираше приоритетите од програмата за својот шестгодишен мандат. Со особен акцент на транспарентноста и отчетноста, како основ за јакнење на самостојноста на јавните обвинители во постапувањето и за враќање на … Повеќе

Средба Коцевски – Грковска

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа работна средба со Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Грковска упати честитки до Коцевски за неговиот избор на челната позиција во Обвинителството и му посака успех во вршењето на функцијата и во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и … Повеќе

Регионална средба на обвинителства за гонење организиран криминал во Скопје

„Tранснационалниот организиран криминал е растечка закана за нашите општества и за безбедноста на нашите граѓани. Директно ја загрозува националната и меѓународната сигурност со импликации и врз јавната безбедност, демократските институции и економската стабилност на земјите“, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски на денешното отворање на еднодневната Регионална конференција на јавни обвинителства надлежни … Повеќе

Средба Коцевски – Тошковски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на која се дискутираше за повеќе тековни активности. Коцевски го запозна Тошковски со активностите на Комисијата за следење на нерегуларностите кои евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на претстојните избори, како и со дадените насоки … Повеќе

Коцевски одржа колегиум на републичкото Јавно обвинителство, донесени одлуки

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа колегиум на кој јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги запозна со приоритетите од програмата за неговиот мандат и активностите за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата. Со оглед на распишувањето на новиот изборен циклус, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија … Повеќе

Љупчо Коцевски ја презеде функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и официјално ја презеде должноста од досегашниот вршител на функцијата, јавната обвинителка Соња Симовска. Коцевски и Симовска одржаа средба на која разговараа за актуелните состојби во Јавното обвинителство и за приоритетните активности во следниот период, во насока на зајакнување на системот за борба против криминалот и корупцијата, … Повеќе

Потпишан трилатерален меморандум за соработка во справување со криминалот поврзан со огнено оружје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи и Царинската управа денеска потпишаа Меморандум меѓу трите институции за соработка во областа на справувањето со криминалот поврзан со огнено оружје. Меморандумот се потпишува во рамките и со поддршка на Глобалната програма против огнено оружје на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ). … Повеќе

Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија ја зајакнуваат соработката и координацијата при постапувањето по ревизорските извештаи

Претставници на јавните обвинителства во државава и на Државниот завод за ревизија одржаа заедничка работилница во Скопје во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и на начинот на постапување по ревизорските извештаи. “Соработката мора да ни биде силна, затоа што целите ни се заеднички. А тие заеднички цели се – вистината и борбата против корупцијата. … Повеќе

Јавното обвинителство – потписник на Декларацијата за формирање на регионална компонента на GlobE-мрежата за Западен Балкан

Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, составена од јавните обвинители Ферат Елези и Анита Тополова Исајловска, денеска во Виена учествуваше на регионалниот настан по повод формирањето на регионалната компонента на GlobE – Глобалната оперативна мрежа на антикорупциски органи. „Важна придобивка од воспоставувањето на регионалната компонента на мрежата ќе биде поставената цел за подигање … Повеќе

Абази на билатерална работна средба во Црна Гора

Во текот на вчерашниот ден во организација на делегација на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предводена од Основниот јавен обвинител Ислам Абази реализира работна посета со претставниците на Специјалното обвинителство на Република Црна Гора. На оваа средба беа разменети околу организацијата и функционирањето на двете обвинителства и нивните надлежности. Соговорниците … Повеќе

Билатерална работна средба во Косово

Делегација на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предводена од Основниот јавен обвинител Ислам Абази во текот на вчерашниот ден беше примена од Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Република Косово, Блерим Исуфај. На оваа средба беа разменети искуства околу организацијата и функционирањето на двете обвинителства и нивните надлежности. Соговорниците во … Повеќе

Јовески на средба со членовите на ДКСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска, на сопствена иницијатива, оствари средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). На средбата, во рамките на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледаа можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка. Притоа, Јовески оцени дека по … Повеќе

Потпишан Меморандум за разбирање за заеднички проектни активности меѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции за спроведување заеднички проектни активности во периодот 2023-2025 година. Целта на Меморандумот е да се создаде правна рамка за идната соработка во клучни области. Соработката меѓу Јавното обвинителство и … Повеќе

Завршна конференција на Проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019” во Рим

Делегација предводена од Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази од 29 – 30 мај присуствува на завршната конференција на Проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019” во Рим. На првата панел дискусија во своето обраќање Основниот јавен обвинител Ислам Абази ја … Повеќе

Високиот инспектор за правда на Република Албанија на средби во Јавното обвинителство

Високиот инспектор за правда на Република Албанија Артур Метани денеска беше во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, каде се сретна со јавните обвинители во државното обвинителство Џељаљ Бајрами и Соња Симовска. На средбата, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Албанија во земјава Фатос Река, се разговараше за организацијата на јавнообвинителските структури … Повеќе

Потпишан регионален Меморандум за соработка во областа на односите со јавноста меѓу обвинителствата

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска во Херцег Нови, Црна Гора го потпиша Меморандумот за соработка во областа на односите со јавноста меѓу јавните обвинителства од регионот, поддржан преку Проектот за сузбивање тежок криминал на Западен Балкан – ИПА 2019. Со Меморандумот, изготвен на иницијатива на Врховното државно обвинителство на Црна Гора, … Повеќе

Јавниот обвинител Јовески на дискусија за подобрување на процедурите за спогодување организирана од Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители, во соработка и со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и на Канцеларијата за развој, помош и обука на обвинителствата во странски држави – ОПДАТ при американското Министерство за правда, организираше дискусија за воедначување на праксата и за усогласување на интерните процедури на Јавното обвинителство при користење на инструментот за … Повеќе

Јавниот обвинител Бубевски на состанок посветен на справувањето со хибридните закани

Граѓаните очекуваат од институциите да им ја гарантираат безбедноста, да ги заштитат, но и соодветно да ги санкционираат сите оние кои се обидуваат таа безбедност да ја загрозат. Одговорот кон хибридните закани мора да биде координиран и повеќедимензионален и мора да ги користи и најдобрите практики од понапредните земји во справувањето со ваквите предизвици, истакна … Повеќе

Средба Јовески – Грковска

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. На средбата беа презентирани активностите што ги реализира Јавното обвинителство во спроведувањето на сите стратешки документи чија цел е зголемена ефикасност во постапувањето и ефикасната … Повеќе