Односи со Јавноста

Отворена истрага против лице кај кое беа пронајдени марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на ул. „Охридска“, во кој престојувал осомничениот 36-годишен скопјанец, била пронајдена наркотична … Повеќе

Поднесено обвинение за неовластено прислушкување и тонско снимање

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое сторило продолжено кривично дело – Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Велес, по темелно спроведена истражна постапка и прибавување на обемен број докази, до Oсновниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице од Кавадарци за сторено едно продолжено кривично дело – Фалсификување  пари од член 268 став 1 и едно продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 … Повеќе

Притвор за велешанец осомничен за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на Велес во неколку наврати, преку една социјална мрежа, упатувал сериозни закани … Повеќе

Извршен увид во стан во Битола во кој беа пронајдени починати маж и жена

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години. Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и … Повеќе

Возач на камион осомничен за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 21.06.2019 година, по автопатот Скопје-Тетово-Обиколница на Град Скопје управувал … Повеќе

Едно лице под истрага за убиство на свиреп и подмолен начин

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од село Добрејци кое е осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Истрагата е отворена, бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот на 07.05.2019 година на свиреп и подмолен начин го лишил од … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која попладнево едно лице го загуби животот, а три се повредени. Меѓу повредените се и двајца полициски службеници. Според првичните сознанија, несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило БМВ со гостиварски регистарски таблички … Повеќе

Едно лице обвинето за обид за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот 40-годишен скопјанец, на 16.02.2019 година, на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, со употреба на сила се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – мобилен телефон … Повеќе

Директор и стечаен управник обвинети за злоупотреба на службена положба во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 28.05.2009 година до 28.05.2013 година, првиот обвинет во својство на одговорно лице – извршен директор на … Повеќе

Велешанец осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Имено, осомничениот 59-годишен велешанец, пред влезот и во внатрешноста на куќата во која … Повеќе

Поднесено обвинение за пукањето во Маџари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и во врска со член 22 (соизвршителство), како и за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 во врска со член … Повеќе

Поднесено обвинение за сторена тешка кражба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за сторено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот во текот на мај и јуни годинава сторил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто … Повеќе

Истрага за пронајдено оружје и муниција во Марино

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во својот дом во село Марино, неовластено држел полуавтоматски пиштол со калибар од 7,65мм со два … Повеќе

Извршен увид во Карпош 4 каде што беше пронајдено телото на починат маж

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во Карпош, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж. Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на … Повеќе

Започната е постапка против две лица кај кои е пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените во своите домови,  неовластено заради продажба држеле  наркотична дрога марихуана со вкупна количина од … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт и продолжена мерка – притвор за пет лица обвинети за Трговија со дете

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на спроведувањето на постапката отворена во јануари оваа година против две лица, ја прошири истрагата за уште три лица. По сеопфатната истражна постапка до Основниот кривичен суд Скопје, обвинителот достави Обвинителен акт против пет лица за сторено кривично дело … Повеќе

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на општина Велес обвинети за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен предлог против поранешен градоначалник и против поранешен претседател на Советот на општина Велес кои се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, првиот обвинет, како … Повеќе

Истрага против две лица за Трговија со дете

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово. Лицата се сомничат дека сториле по едно кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по чл.418-г … Повеќе

Истрага за обид за убиство во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот на 13 јуни, пред сопствениот дом, се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, … Повеќе