Односи со Јавноста

Нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот за јавните набавки во Министерство за здравство

По сеопфатно проучување на прибраниот доказен материјал во врска со наводните неправилности при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство, надлежен јавен обвинител од  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција. Во текот на минатата година, Основното јавно обвинителство … Повеќе

Наредба за истрага за четири лица по синоќешната акција „Сикрет“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Лицата се сомничат дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по член 215 … Повеќе

Седум лица од Струмица под истрага за обид за убиство во Стар Дојран

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години и тоа – против едно лице на возраст од 24 години за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, против едно … Повеќе

Наредба за истрага за две лица за кривично дело Трговија со дете

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, македонски државјани, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Трговија со дете предвидено и казниво по член 418 – г во врска со член 22 од Кривичниот законик. Во … Повеќе

Скопјанец обвинет за недозволено држење оружје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 11.04.2019 година, при претрес во домот во кој престојувало лицето на улица „Лазар Трпков“ … Повеќе

Една жена осомничена дека го лишила од живот својот сопруг

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот … Повеќе

Судија на Управен суд под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, македонски државјанин, судија на Управен суд. Осомничениот, во периодот од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, ја злоупотребил својата службена положба и овластувањe и ги пречекорил границите на своето службено овластување преземајќи … Повеќе

Поднесено обвинение за обид за тешка кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице, 37-годишен државјанин на Република Србија, кое се товари дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 10.04.2019 година, на улицата „Орце Николов“ … Повеќе

Поднесен обвинителен акт за тројното убиство во Дебар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица кои се товарат дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар. По сеопфатна истражна постапка, обвинителството обезбеди докази дека првообвинетата сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, додека другите двајца се обвинети за помагање при извршување на истото кривично … Повеќе

Едно лице под истрага за пронајдени растенија канабис во кичевско Лисичане

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот 40-годишник, во кичевското село Лисичане, била пронајдена импровизирана лабораторија за … Повеќе

Извршен увид во скопско Рашче каде едно лице беше лишено од живот попладнево

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко лице. Според првичните информации од увидот, лицето било лишено од живот со истрели од огнено оружје. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Издадени се наредби за вештачење на … Повеќе

Обвинение за убиството во угостителски објект во Кичево

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесен Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 29.12.2018 година околу 17.00 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот. Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство во Велес по сеопфатна постапка до Основниот суд Велес поднесе Обвинителен акт против  едно лице  на возраст од 23 години за кривично дело – Разбојничка кражба од чл.238 од Кривичниот законик. Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на  09.11.2018 година околу 07.30 часот, заедно со уште едно лице – дете влегле во … Повеќе

Вложена жалба на пресудата на Апелациониот суд во предметот за сообраќајната несреќа кај Универзална сала

Основното јавно обвинителство Скопје преку Апелациониот суд Скопје до Врховниот суд на Република Северна Македонија достави Жалба на пресудата на Апелациониот суд Скопје од 08.04.2019 година во врска со сообраќајната несреќа која се случи на 03.04.2015 година на бул.„Партизански Одреди“ во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка. Жалбата е поднесена по две … Повеќе

Поднесено обвинение за неовластено држење пиштол во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот жител на селото Грчец на 07.04.2019 година, на булеварот „Партизански одреди“ спроти трговскиот центар „Лептокарија“, во својот автомобил, … Повеќе

Две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицата се осомничени дека како соизвршители на 15.04.2019 година одзеле околу 500.000 денари од казино во Дебар. Притоа, … Повеќе

Отворена истрага за возач од Куманово осомничен дека предизвикал тешка сообраќајна несреќа со смртни последици

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое е осомничено дека сторило кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од Кривичниот законик. На 21.04.2019 година, на … Повеќе

Обвинителен акт за тројцата кои извршија полов напад врз дете од гостиварско

Поднесениот Обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Гостивар опфаќа три лица кои во месеците март и јули во 2018 година извршија обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е запретена затворска казна од најмалку 12 години. Првообвинетиот се товари за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило … Повеќе

Определени се мерки на претпазливост за лицето кое со говор на омраза објави статус на социјална мрежа

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице, жител на с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук, кога … Повеќе

Поднесено обвинение за запуштање на три деца во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против две лица – жена на возраст од 38 години и маж на возраст од 46 години, бидејќи секој од нив сторил по три кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата како родител … Повеќе