Односи со Јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе постапува по кривичната пријава во врска со снимањето на играна серија

Денеска, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција е поднесена кривична пријава против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик. Лицето како раководен … Повеќе

Притвор за седум лица осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик. На сите … Повеќе

Утврден е идентитетот на двете починати лица од разбојништвото во менувачница

Основното јавно обвинителство Скопје издаде бројни наредби за преземање на дејствија во насока на расветлување на настанот што се случи во менувачница во скопска Кисела Вода, кога сопственикот пукаше во двајца разбојници. Идентитетот на едниот од починатите беше утврден. Во соработка со Министерството за внатрешни работи, утврден е идентитетот и на второто починато лице преку … Повеќе

Откриена најголема лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција остварувајќи меѓународна правна соработка во предистражна постапка со Јавното обвинителство за организиран криминал и Министерството за внатрешни работи на Република Србија откри инсталација на најголема лабораторија за неовластено производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа. За координирање на паралелна прекугранична истрага и соработка е формиран … Повеќе

Реакција на прилогот на ТВ Алфа

Јавното обвинителство на Република Македонија реагира наводите во прилогот „ЈО: Ако „сликарот“ е службено лице ќе го гониме ние, ако не, Чавков да си тужи сам“, објавен на Вашата телевизија од страна на новинарката Катерина Гетева. Текстот на прилогот содржи целосно произволно толкување и несоодветно парафразирање на писмениот одговор даден од страна на прес-службата на … Повеќе

Триесет и шестмина се гонат за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Основното јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните  кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка. По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје го истражува двојното убиство во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од крим техника во менувачницата во Кисела Вода каде попладнево при обид за разбојништво две лица беа лишени од живот. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал. Обезбедени се траги од лице место, … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје работи на разоткривање на убиецот во Чаир

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема сите неопходни дејствија во насока на откривање на сторителот и мотивот за убиството што се случи во петокот вечерта во скопската населба Чаир. Обезбедени се видео записите од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде се случи убиството и истите ќе бидат … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција работи на предмет во врска со снимање на играна серија​

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известување од Управата за финансиска полиција, отвори предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциска куќа ангажирана за снимање на играна серија. Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на фактите. Издадени се повеќе насоки и наредби … Повеќе

Се врши увид на местото каде попладнево беше застрелано едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром,  каде попладнево беше застрелано едно лице. Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице. Во … Повеќе

Поднесено е обвинение за обидот за убиство на Зијадин Села

По завршување на сеопфатната истражна постапка и прибирање на сите докази во предметот, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против  десет лица за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите сите … Повеќе

Наредена истрага против девет лица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против девет лица и тоа: –  за едно лице за сторени две кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353в ст.3 во врска со ст.1 и од чл. 353в ст.2 од Кривичниот законик – за две лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија за расветлување на незаконска приватизација на земјиште

Поради постоење на основи на сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина. На приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија продолжува и во овој период во континуитет да ги следи случувањата во врска со изборите и гласањето, се до заокружување на изборниот процес. Заложба на Комисијата е преку координација на надлежните основни јавни обвинителства да овозможи приоритетно постапување по сите кривично правни … Повеќе

Четворица обвинети за грабежот во „Тутунска банка" признаа вина пред судот

На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 Скопје во врска со грабежот во Тутунска банка, четворицата обвинети опфатени со Обвинителен акт признаа вина за кривичните дела што им се ставаа на товар. Имено, тие се изјаснија за виновни дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање … Повеќе

Определен притвор за осомничените за нападот врз Зијадин Села

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за проширување на истрагата за уште 3 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Осомничените беа вчера препознаени со помош на граѓаните по објавување на нивните фотографии. Ценејќи дека се … Повеќе

Определен притвор за четворица од приведените за нападот врз Зијадин Села

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определи мерка Притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. … Повеќе

Утврден е идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени

Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени од слобода. Станува збор за лица кои се инволвирани во кривично правниот настан во Собранието на Република Македонија. Фотографиите и повикот до граѓаните … Повеќе

Се трага по идентитетот на лица инволвирани во настаните во Собранието на Република Македонија

Заради утврдување на идентитет на лица инволвирани и битни во постапката за расветлување на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје одобри јавна објава на нивните фотографии. Фотографиите, во соработка со Министерството за внатрешни работи, се објавени на следниот линк: http://www.moi.gov.mk/vest/5026 Се повикуваат сите граѓани, доколку … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ја проширува истрагата за нападот врз Зијадин Села

Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште 5 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со … Повеќе