Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Двајца обвинети за злоупотреби и измами со уплатите на данок во Град Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица, од кои едниот се товари за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а вториот за продолжено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 3 во врска со став … Повеќе



