Соопштенија

Годишно обраќање на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

Почитувани, колеги јавни обвинители, почитувани претставници на медиумите, Зад нас е 2019-та, година во која јавното обвинителство беше поставено пред бројни предизвици. Година во која ја покажавме неселективноста во спроведување на законите, година во којашто  на политичарите и моќниците им стана јасно дека одлуките  не се носат во  нечии кабинети, туку нив ги носат  обвинителите … Повеќе

Жител на Сарај обвинет за продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. При претрес, во дворот од куќата на обвинетиот во Сарај биле пронајдени 40,19 грама наркотична дрога марихуана, спакувана … Повеќе

Истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Во домот на осомничениот 38-годишник во Аеродром, на 20 декември, биле пронајдени … Повеќе

Едно лице обвинето за разбојништвото во маркет во Сандево, за вториот осомничен – запрена постапката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 28 години, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Рабојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. На 2 декември, во маркет во скопското село Сандево, обвинетиот се заканил на вработената дека неспоредно ќе нападне … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојништво во просториите на „Брза пратка“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 16.10.2018 година, влегол во просториите на оштетеното правно лице „Брза пратка“ на булевар „Јане Сандански“ и заканувајќи се на една вработена со пластичен пиштол, одзел пари во … Повеќе

Отфрлена пријава за злоупотреба на службата и несовесно работење во Министерството за внатрешни работи

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 … Повеќе

Двајца контролори во Фондот за здравствено осигурување осомничени за примање поткуп од лекар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. На 23 декември, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, двајцата осомничени како службени … Повеќе

Прес конференција за меѓународната операција во која беа запленети 700 кг кокаин од Колумбија

  Денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи одржаа заедничка Прес конференција во врска со неодамнешната меѓународна операција во која беа лишени од слобода пет лица  припадници на организирана криминална група за купување, пренесување и пуштање во промет на кокаин. Целта на меѓународната операција беше сузбивање … Повеќе

Соопштение

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите за постапувањето на Основното јавно обвинителство Свети Николе во два предмети против градоначалникот на општина Лозово, Јавното обвинителство појаснува дека, постапувајќи по две барања за изземање поднесени од пријавениот, Вишото јавно обвинителство Штип пред околу еден месец донесе одлука со која барањата беа уважени. Притоа, првиот … Повеќе

Истрага за разбојништво во казино во Кочани, осомничениот фатен на граница

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 22 декември, во казино на улицата „Маршал Тито“ во Кочани, употребил сила врз двајца вработени и одзел пари во вкупен износ од 76.400 денари … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција во дебарско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик. На 15.09.2017 година, во домот на обвинетиот во дебарското село Могорче било пронајдено полуавтоматско огнено оружје – … Повеќе

Поранешен градоначалник на Демир Капија обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против поранешен градоначалник на Општина Демир Капија за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот од 21.02.2015 до 12.10.2017 година, како одговорно лице – градоначалник на општината ја искористил службената положба и прибавил … Повеќе

Татко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 58-години, осомничено дека сторило три продолжени кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик. Осомничениот, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом … Повеќе

Побаран притвор за осомничен за убиство и за обид за убиство во Тафталиџе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека извршило кривични дела – Убиство од чл.123 ст.1, Убиство од чл.123  ст.1 во врска со чл. 19 (обид), како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. На … Повеќе

Три лица под истрага за изнуда

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Изнуда од член 258 ст.1 в.в. со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019, заедно договорени, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со  употреба на сила спрема едно лице од Битола … Повеќе

Обвинение за возач кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајка во Кавадарци и избегал оставајќи ги повредените деца

Основното јавно обвинителство во Велес, по спроведена истражна постапка, до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице од Кавадарци на возраст од 37 години за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.1 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот зкаоник, како и за  кривично … Повеќе

Гостиварец под истрага за трговија со марихуана и кокаин

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. На 10 декември полициски службеници се обиделе да извршат личен претрес на осомничениот 22-годишен … Повеќе

Кумановец осомничен за загрозување на сигурноста на неговата мајка и за напад врз полицаец

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице кое е осомничено за кривични дела – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.2 во врска со ст.1 и Напад на службено лице при вршење работи од безбедноста од чл.383 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. На 15 декември осомничениот 37-годишен кумановец, при вршење семејно насилство, … Повеќе

Поведена постапка против адвокатка за измама

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената во својство на адвокат била ополномоштена од клиентка да ги застапува нејзините правни интереси пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за … Повеќе

Побаран притвор за двајца дилери во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители  сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на 13-ти декември неовластено … Повеќе