Соопштенија

Три лица обвинети дека се обиделе да извршат тешка кражба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против три лица кои како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.1 во врска со чл.19 и со чл.22 од Кривичниот законик. На 27 декември, обвинетите по претходен договор, провалиле во куќа на … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар работи на расчистување на сообраќајната несреќа во која загина полицаец

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар синоќа изврши увид на местото на сообраќајна незгода на автопатот А2 Тетово-Гостивар на околу 500 метри по местото викано Тумчевишка клучка, во која животот го загуби еден полициски службеник. Според првичните сознанија од увидот, до несреќата дошло кога лице кое управувало со автомобил Форд фокус, со кичевски … Повеќе

Под истрага осум лица осомничени дека ја злоупотребиле својата положба и овластување

Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик. Кон крајот на месец август … Повеќе

Едно лице обвинето за недозволена трговија со кокаин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 37-годишник, на 4 декември во својот дом во село Глумово, неовластено заради продажба држел наркотична дрога кокаин со … Повеќе

Еден осомничен за обид за разбојништво во аптека

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик. Осомничениот на 27 декември влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно … Повеќе

Истрага за проневера во службата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека како одговорно лице – сметководител сторило кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во периодот од 28.04.2016 година до 28.11.2019 година, како сметководител за … Повеќе

Поведена постапка за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот го сторил делото на 23-ти декември, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете за … Повеќе

Поведена постапка за разбојништвото во казино во Неготино

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 24 години, жител на Неготино, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик. Осомничениот на 26-ти декември, маскиран со маска и перика влегол преку спореден, заден влез во казино во Неготино. … Повеќе

Годишно обраќање на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

Почитувани, колеги јавни обвинители, почитувани претставници на медиумите, Зад нас е 2019-та, година во која јавното обвинителство беше поставено пред бројни предизвици. Година во која ја покажавме неселективноста во спроведување на законите, година во којашто  на политичарите и моќниците им стана јасно дека одлуките  не се носат во  нечии кабинети, туку нив ги носат  обвинителите … Повеќе

Жител на Сарај обвинет за продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. При претрес, во дворот од куќата на обвинетиот во Сарај биле пронајдени 40,19 грама наркотична дрога марихуана, спакувана … Повеќе

Истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Во домот на осомничениот 38-годишник во Аеродром, на 20 декември, биле пронајдени … Повеќе

Едно лице обвинето за разбојништвото во маркет во Сандево, за вториот осомничен – запрена постапката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 28 години, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Рабојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. На 2 декември, во маркет во скопското село Сандево, обвинетиот се заканил на вработената дека неспоредно ќе нападне … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојништво во просториите на „Брза пратка“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 16.10.2018 година, влегол во просториите на оштетеното правно лице „Брза пратка“ на булевар „Јане Сандански“ и заканувајќи се на една вработена со пластичен пиштол, одзел пари во … Повеќе

Отфрлена пријава за злоупотреба на службата и несовесно работење во Министерството за внатрешни работи

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 … Повеќе

Двајца контролори во Фондот за здравствено осигурување осомничени за примање поткуп од лекар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. На 23 декември, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, двајцата осомничени како службени … Повеќе

Прес конференција за меѓународната операција во која беа запленети 700 кг кокаин од Колумбија

  Денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи одржаа заедничка Прес конференција во врска со неодамнешната меѓународна операција во која беа лишени од слобода пет лица  припадници на организирана криминална група за купување, пренесување и пуштање во промет на кокаин. Целта на меѓународната операција беше сузбивање … Повеќе

Соопштение

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите за постапувањето на Основното јавно обвинителство Свети Николе во два предмети против градоначалникот на општина Лозово, Јавното обвинителство појаснува дека, постапувајќи по две барања за изземање поднесени од пријавениот, Вишото јавно обвинителство Штип пред околу еден месец донесе одлука со која барањата беа уважени. Притоа, првиот … Повеќе

Истрага за разбојништво во казино во Кочани, осомничениот фатен на граница

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 22 декември, во казино на улицата „Маршал Тито“ во Кочани, употребил сила врз двајца вработени и одзел пари во вкупен износ од 76.400 денари … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција во дебарско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик. На 15.09.2017 година, во домот на обвинетиот во дебарското село Могорче било пронајдено полуавтоматско огнено оружје – … Повеќе

Поранешен градоначалник на Демир Капија обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против поранешен градоначалник на Општина Демир Капија за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот од 21.02.2015 до 12.10.2017 година, како одговорно лице – градоначалник на општината ја искористил службената положба и прибавил … Повеќе