Соопштенија

Поведена постапка и побаран притвор за петмина за кривично дело Насилство

Петмината осомничени биле учесници во физичка пресметка во Гостивар, каде на 14 ноември годинава, во 14.00 часот во центарот на градот, на прометната улица „Браќа Ѓиновски“ нападнале две лица употребувајќи физичка сила и дрвени палки. Мотивот за нападот е предмет на натамошно утврдување во истражна постапка која ја води надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово ќе ја обжали ослободителната пресуда за лекар-гинеколог

Основното јавно обвинителство Тетово во целина останува на наводите дадени во обвинението против обвинетиот лекар-гинеколог за кого Основниот суд Тетово денеска изрече ослободителна пресуда за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето кое му се ставаше на товар. Обвинителството цени дека обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар и … Повеќе

Започната предистражна постапка во врска со бегството на Н.Г.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет  по допрен глас. Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против пет лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

По повеќемесечна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1- Скопје поднесе обвинителен акт против пет лица, македонски државјани. Четворица од обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ од чл.215 … Повеќе

Поведена постапка за лицето кое вчера предизвика сообраќајна несреќа со смртни последици за едно лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи, вчера вечерта изврши увид на лице место каде што се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за сторено кривично дело Тешки дела против … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен предлог за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.4 во врска со чл.297 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Неукажување помош на лице повредено … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе истрага за едно лице кое неовластено произведувало дрога за продажба

Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против  едно лице на возраст од 44 години, поради постоење основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот на ден … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје нареди истрага за три лица за примање поткуп и помагање

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.4 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за две лица за помагање при извршување на кривичното дело – Примање поткуп од чл.357 ст.4 во врска со ст.1 во врска со … Повеќе

Истрага против возач на трактор за тешки дела против безбедноста во сообраќајот

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот како учесник во сообраќајот на јавен пат, во својство на … Повеќе

Наредба за обдукција на телото на 17-годишна девојка пронајдена во водите на Вардар

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издаде Наредба за обдукција на телото на 17-годишна девојка која беше пронајдена синоќа во водите на Вардар. Според првичните информации, девојчето враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде била нападната од куче. Бегајќи од кучето, таа паднала во надојдените води на реката. Случајни … Повеќе

Четири лица под истрага во Прилеп за кривично дело насилство

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, поради постоење основано сомнeние дека сториле кривично дело Насилство од чл.386 ст.6 во врска со ст.1 и ст.3 од Кривичниот законик. Лицата се осомничени дека на 03.11.2018 година во Прилеп, во присуство на голем број граѓани, ја загрозиле сигурноста и нанеле тешки телесни … Повеќе

Проширена истрага за кривично дело – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации за едно лице

Во рамките на истражната постапка во врска со предметот каде седум лица се осомничени дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за едно од лицата ја прошири истрагата. Надлежниот обвинител во изминатиот период ги сослуша осомничените и притоа оцени дека постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, предвидено и казниво по член 322-а ст.3 од Кривичниот законик, заради што ја прошири истрагата и донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и за ова кривично дело. Со цел да стане учесник во паравоените формации на ИСИС, осомничениот, во точно неутврден период од 2014 до 2016 година, ја напуштил територијата на Република Македонија и заминал во Сирија. Таму, осомничениот се обучувал и учествувал во паравоените формации на ИСИС, при што како борец бил заробен од страна на Сириските демократски сили и затворен во Дирек воениот затвор во Ал-Маликијах во провинцијата Ал-Хасака во Сирија.

Повеќе

Едно лице во Штип под истрага за неовластено производство и продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот биле пронајдени околу три килограми наркотична дрога – марихуана, која неовластено ја произведувал и … Повеќе

Притвор за двајца учесници во вооружената престрелка во Куманово

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од деветмината кои се гонат за вооружената престрелка во Куманово во која животот го загуби едно лице. Двајцата осомничени се гонат за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 и за кривично дело Недозволено изработување, држење и … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас за работење на приватна болница

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални незаконитости во работењето на една приватна болница од Скопје. Предметот е отворен по следење на написите во медиумите за извршени лекарски интервенции на срце и крвни садови во една приватна болница согласно кои приватната болница злоупотребила … Повеќе

По предлог на Oсновното јавно обвинителство Тетово, определен 30-дневен притвор за неовластено производство и пуштање во промет на дрога

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. По предлог од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи … Повеќе

Поднесено обвинение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

Осомничената се товари дека во текот на 2017 и 2018 година, со умисла извршила временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Притоа, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и околности, неовластено кај себе држела, преработувала и продавала наркотична дрога марихуана и хашиш смола.

Повеќе

Се истражува вооружената престрелка во која почина едно лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи, извршија увид на лице место во Куманово каде вчера попладнето се случи вооружена престрелка меѓу две семејства. Престрелката била ескалација на меѓусебните недоразбирања  и  повеќемесечно нетрпение меѓу две семејства. Нивните меѓусебни расправии, како и претходна тепачка со телесни … Повеќе

Извршен претрес во дом и други простории во Тетово по барање на јавен обвинител

Во текот на вчерашниот ден по издадена судска наредба, а во присуство на надлежниот јавен обвинител е извршен претрес на објекти сопственост на осомничениот. При претресот на домот и помошните простории во една од собите на кат пронајдено е еден килограм наркотична дрога марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Прилеп гони едно лице за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Основното јавно обвинителство – Прилеп по поднесена кривична пријава започна постапка против едно лице од Прилеп. На осомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 од Кривичниот законик. Осомничениот неовластено заради продажба во својот дом држел 43,85 … Повеќе