Соопштенија

По предлог на Oсновното јавно обвинителство Тетово, определен 30-дневен притвор за неовластено производство и пуштање во промет на дрога

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. По предлог од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи … Повеќе

Поднесено обвинение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

Осомничената се товари дека во текот на 2017 и 2018 година, со умисла извршила временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Притоа, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и околности, неовластено кај себе држела, преработувала и продавала наркотична дрога марихуана и хашиш смола.

Повеќе

Се истражува вооружената престрелка во која почина едно лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи, извршија увид на лице место во Куманово каде вчера попладнето се случи вооружена престрелка меѓу две семејства. Престрелката била ескалација на меѓусебните недоразбирања  и  повеќемесечно нетрпение меѓу две семејства. Нивните меѓусебни расправии, како и претходна тепачка со телесни … Повеќе

Извршен претрес во дом и други простории во Тетово по барање на јавен обвинител

Во текот на вчерашниот ден по издадена судска наредба, а во присуство на надлежниот јавен обвинител е извршен претрес на објекти сопственост на осомничениот. При претресот на домот и помошните простории во една од собите на кат пронајдено е еден килограм наркотична дрога марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Прилеп гони едно лице за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Основното јавно обвинителство – Прилеп по поднесена кривична пријава започна постапка против едно лице од Прилеп. На осомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 од Кривичниот законик. Осомничениот неовластено заради продажба во својот дом држел 43,85 … Повеќе

Притвор од 30 дена за осомничените за Полов напад врз дете

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, за определување мерка притвор за  осомничените за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член  188 став 1 во врска со член 45 … Повеќе

Соопштение

Во врска со објавите во дел од медиумите за денешното рочиште во судскиот процес против 12 лица за Несовесно работење во службата во случајот со лекувањето на Тамара Димовска, а во кои се наведува ставот на одбраната дека рочиштето се одлага по вина на обвинителството, јавното обвинителство ја информира јавноста дека единствена причина за одлагањето … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно член 272 од Законот за кривична постапка, отвори предмет по допрен глас во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија. Следејќи ги реакциите на „Нефрон“ – Здружение за бубрежно болни граѓани и написите на одредени медиуми кои укажуваат на … Повеќе

Отворена истрага против еден осомничен за разбојништво во Аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за сторено кривично дело Разбојништво од чл. 237 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека на 16.10.2018 година, заканувајќи се со пластичен пиштол, извршил разбојништво во канцеларија на Брза пошта во Аеродром, при што одзел значителна сума пари, а вработената ја … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во резерватот „Јасен“

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во резерватот „Јасен“. Според првичните информации, несреќата се случила кога на службено возило – комбе, во кое се превезувале четворица вработени во јавното претпријатие „Јасен“, му откажале сопирачките и се превртело. Притоа, еден од патниците починал, возачот е … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар гони повеќе лица за Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член  188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во вршењето на ова кривично дело учествувале осомничените, но … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје отфрли кривична пријава за Злоупотреба на службена положба и овластување

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од Здружението за истражување, развој и анализа – Зелена лупа против десет судии за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Во кривичната пријава се наведуваше дека пријавените  тројца судии во Основниот суд Скопје 1 Скопје, ја злоупотребиле службената положба, со намера за други да прибават некаква корист. Тие како членови на Советот на Основен суд Скопје 1 Скопје, во кривична постапка против двајца обвинети и покрај постоење на докази за опасност од бегство за сторени потешки кривични дела по поднесено обвинение од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите го одбиле предлогот за определување мерка притвор спрема обвинетите.

Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја презема истрагата за изградба на пешачкиот мост „Мост око"

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по добивање на предметот од Основното јавно обвинителство – Скопје, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска … Повеќе

Под истрага четири лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, македонски државјани. На осомничените им се става на товар дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од … Повеќе

Поднесен обвинителен акт за кривично дело убиство против едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот се товари дека на 18.06.2018 година во с. Студеничани, по меѓусебна расправија, со умисла лишил од живот едно лице. Несогласувањата меѓу двајцата започнале два дена претходно, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за обид за убиство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство (во обид) од чл.123 ст. 1 во врска со чл.19 и чл.22 од Кривичниот законик. Лицата се осомничени дека на 22.10.2018 година во с. Батинци со умисла се обиделе да … Повеќе

Обвинителството ги испитува наводите од интервју на обвинет од предметот „Секјуриком“

Јавниот обвинител кој постапува во предметот познат во јавноста како „Секјуриком“, денеска го повика авторот на објавеното интервју на Призма – интернет страница на БИРН Македонија, а водено со лицето В.Г. обвинет во предметот. Во насока на расчистување на фактите, новинарот даде исказ по однос на наводите во текстот дека располага со имиња на лица … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје направи проверки постапувајќи по предмет оформен по допрен глас во јануари годинава за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик, а во врска со работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО. Во насока на утврдување на фактите, беа побарани информации од Државниот инспекторат за животна средина … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, со двојно косовско и француско државјанство, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето беше задржано на 14.10.2018 година, при излез од … Повеќе

Одмрзната сметка за исплата на плати

Постапувајќи по Барањето на полномошникот на правните лица – Друштво за обезбедување и услуги „Секјуриком Мултисервис Интернационал“ ДООЕЛ Скопје, Трговско друштво „Секјуриком Сервис“ и Трговско друштво „АПС“ ДООЕЛ Скопје чии сметки се предмет на привремена мерка, надлежниот  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судијата на претходна постапка … Повеќе