Соопштенија

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во резерватот „Јасен“

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во резерватот „Јасен“. Според првичните информации, несреќата се случила кога на службено возило – комбе, во кое се превезувале четворица вработени во јавното претпријатие „Јасен“, му откажале сопирачките и се превртело. Притоа, еден од патниците починал, возачот е … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар гони повеќе лица за Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член  188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во вршењето на ова кривично дело учествувале осомничените, но … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје отфрли кривична пријава за Злоупотреба на службена положба и овластување

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од Здружението за истражување, развој и анализа – Зелена лупа против десет судии за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Во кривичната пријава се наведуваше дека пријавените  тројца судии во Основниот суд Скопје 1 Скопје, ја злоупотребиле службената положба, со намера за други да прибават некаква корист. Тие како членови на Советот на Основен суд Скопје 1 Скопје, во кривична постапка против двајца обвинети и покрај постоење на докази за опасност од бегство за сторени потешки кривични дела по поднесено обвинение од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите го одбиле предлогот за определување мерка притвор спрема обвинетите.

Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја презема истрагата за изградба на пешачкиот мост „Мост око"

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по добивање на предметот од Основното јавно обвинителство – Скопје, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска … Повеќе

Под истрага четири лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, македонски државјани. На осомничените им се става на товар дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од … Повеќе

Поднесен обвинителен акт за кривично дело убиство против едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот се товари дека на 18.06.2018 година во с. Студеничани, по меѓусебна расправија, со умисла лишил од живот едно лице. Несогласувањата меѓу двајцата започнале два дена претходно, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за обид за убиство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство (во обид) од чл.123 ст. 1 во врска со чл.19 и чл.22 од Кривичниот законик. Лицата се осомничени дека на 22.10.2018 година во с. Батинци со умисла се обиделе да … Повеќе

Обвинителството ги испитува наводите од интервју на обвинет од предметот „Секјуриком“

Јавниот обвинител кој постапува во предметот познат во јавноста како „Секјуриком“, денеска го повика авторот на објавеното интервју на Призма – интернет страница на БИРН Македонија, а водено со лицето В.Г. обвинет во предметот. Во насока на расчистување на фактите, новинарот даде исказ по однос на наводите во текстот дека располага со имиња на лица … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје направи проверки постапувајќи по предмет оформен по допрен глас во јануари годинава за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик, а во врска со работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО. Во насока на утврдување на фактите, беа побарани информации од Државниот инспекторат за животна средина … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, со двојно косовско и француско државјанство, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето беше задржано на 14.10.2018 година, при излез од … Повеќе

Одмрзната сметка за исплата на плати

Постапувајќи по Барањето на полномошникот на правните лица – Друштво за обезбедување и услуги „Секјуриком Мултисервис Интернационал“ ДООЕЛ Скопје, Трговско друштво „Секјуриком Сервис“ и Трговско друштво „АПС“ ДООЕЛ Скопје чии сметки се предмет на привремена мерка, надлежниот  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судијата на претходна постапка … Повеќе

Поднесен обвинителен предлог за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г ст.1 од Кривичниот законик. Лицето се товари дека на 24.07.2018 година, преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој … Повеќе

Три лица под истрага за разбојништво во Струга

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.2 и ст.4 во врска со чл.22 (соизвршителство) од Кривичниот законик, како и против едно лице за сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.2 и ст.4 во врска со чл.23 и чл.24 (поттикнување и помагање) … Повеќе

Соопштение

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. На средбата присуствуваа и Нинослав Василевиќ, раководител на Отсек за демократско владеење и општествена кохезија и Елена Хаџи-Антоновски, виш правен асистент во Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На состанокот беше изразена взаемна благодарност за … Повеќе

Отворена истражна постапка за поседување околу половина килограм наркотична дрога хашиш

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено затоа што на 17.10.2018 година, при извршен претрес во неговиот дом во Скопје, била … Повеќе

Определена мерка притвор за едно лице за убиството на Мартин Јанушев

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека на 03. 11. 2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот  Мартин Јанушев. Имено, осомничениот, користејќи дозволено викенд отсуство, ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што … Повеќе

Поднесен обвинителен предлог против едно лице за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. … Повеќе

Тетовецот кој ја лиши од живот својата сопруга под истрага за три кривични дела

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Убиство од чл.123 ст.2 т.2, Убиство (во обид) од чл.123 ст.1 во врска со чл.19, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали од чл. 396 … Повеќе

Патник на Аеродромот Скопје под истрага за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице со двојно државјанство – на Република Франција и на Република Косово, поради постоење на основано сомнение дека лицето сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Наредена истрага против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, поради основано сомнение дека сториле по едно кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 ст.5 во врска со ст.4 во … Повеќе