Во текот на организирањето и спроведувањето на референдумот вкупно се регистрирани 40 нарушувања поврзани со остварување на правото на глас и референдумот.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Република Северна Македонија
Постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 1 од Кривичниот законик. Лицето вработено како чувар во КПД Затвор – Штип примило парични средства во износ од … Повеќе
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица – македонски државјани. Сите осомничени се товарат дека сториле кривично дело Злосторничко здружување по член 394 од Кривичниот законик. Покрај ова, осомничените сториле и други кривични дела и тоа: шестмина се … Повеќе
Следејќи ја состојбата на вработените и грижејќи се за почитување на законските права на работниците на кои неколку месеци не им се исплатени плати и придонеси за нивната работа во правното лице за чиј сопственик е покренато обвинение, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судија на … Повеќе
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против девет лица, на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти предвидено и … Повеќе
Во текот на организирањето и спроведувањето на референдумот вкупно се регистрирани 40 нарушувања поврзани со остварување на правото на глас и референдумот.
Во Комисијата за следење на противправностите поврзани со остварување на правото на глас, во периодот од 14.00 до 19.00 часот денеска пристигнати се неколку пријави и информации за евентуални незаконитости. Во Вишото јавно обвинителство Гостивар пријавени се два настани по кои постапуваше Основното јавно обвинителство Гостивар. Пријавено е фотографирање на гласачи од возило во кое … Повеќе
Комисијата за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот во континуитет ги следи случувањата поврзани со референдумот. Комисијата има за задача да ги следи сите настани … Повеќе
Дежурни јавни обвинители во сите Основни и Виши јавни обвинителства го следат процесот на гласање и се подготвени да ги преземат сите потребни дејствија за откривање и гонење на сторители на кривични дела кои се поврзани со процесот на гласање за референдумот. Јавното обвинителство е во постојана комуникација и координација со Министерството за внатрешни работи … Повеќе
Комисија за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот ја известува јавноста дека континуирано ги следи сите случувања поврзани со гласањето. Oбјавување на фотографии на гласачи е противправно дејствие кое го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање. Оттука, ја известуваме јавноста дека секое сликање, снимање на гласачи … Повеќе
По насоки од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, екипи на СВР Скопје, крим-техника и на Одделот за крвни деликти при МВР извршија увид на лице место на улица „Рузвелтова” во Скопје каде што доцна синоќа две лица го загубија животот во престрелка, додека едно е тешко повредено. Трите лица се превезувале со … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 во врска со чл.19 од Кривичниот законик. Настанот за кој се гони лицето се случил на 24.09.2018 година, околу 00:05 часот, на крстосницата меѓу ул. „Дурмиторска” и ул. „Алија Авдовиќ” во Скопје, кога осомничениот … Повеќе
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица. На осомничените им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став … Повеќе
Основното јавно обвинителство Струга започна истражна постапка против две лица за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени на 19 септември, околу 19,40 часот, на локалниот пат од с. Корошишта кон … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас во врска со настанот што се случи на 19.09.2018 година, кога по дојава на жители од зграда во скопската населба Аеродром, во стан во истата зграда беше откриено дека семејство со едно малолетно дете живее во исклучително лоши хигиенски услови. Предметот е оформен во насока на … Повеќе
Согласно своите надлежности Јавниот обвинител на Република Македонија формираше Комисија за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 септември 2018 година. За претседател на … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Македонија вчера одржа состанок со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата – СЕРЕЈ, предводена од Рамин Гурбанов, заменик претседател на СЕРЕЈ. Цел на посетата во Јавното обвинителство на Република Македонија беше помошта која ја обезбедува СЕРЕЈ во анализирањето на состојбите и поддршката на правосудните институции од државата во сферата … Повеќе
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за сторено кривично дело разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените се македонски државјани, додека еден е државјанин на Република Италија. Трите лица се осомничени дека на 18.09.2018 година, по претходен договор, … Повеќе
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за сторено кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик. Осомничените, 24-годишен жител на с. Велешта и 27-годишен државјанин на Република Албанија, се гонат за разбојништвото кое на 3 август годинава го извршиле во бензинската … Повеќе
Дежурен јавен обвинител синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Србија” во Скопје, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени три лица. Несреќата се случила кога на тројцата пешаци – возрасни маж и жена и нивната тригодишна внука налетало товарно моторно возило „Пежо Партнер” со велешки регистерски ознаки. Поради сериозноста на повредите, … Повеќе
Обвинителството поведе постапка за сторено кривично дело Напад на службено лице при вршење на службата од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик против три лица кои, на 15 септември во населбата Шуто Оризари, при одржување на панаѓур извршиле напад над припадници на полицијата. Настанот се случил откако полицајците кои … Повеќе