Соопштенија

Средба на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски со заменик-помошникот државен секретар на САД Хојт Брајан Ји

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски денеска го прими во посета заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент Хојт Брајан Ји. На средбата, стана збор за справувањето со тероризмот и санкционирањето на учеството во странски војски, како и за подготвеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија за справување со … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите​. Разликата што се појавува во однос на доказите … Повеќе

РЕАКЦИЈА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство – Скопје реагираат на денешното соопштение на Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во кое се наведени како институции што одбиваат соработка со истото. Основното јавно обвинителство за гонење на … Повеќе

Обвинение против едно лице кое при вршење семејно насилство се обиде да ја лиши од живот сопругата

Надлежен јавен обвинител поднесе обвинителен акт против четириесет и четири годишниот В.Д. од Скопје за сторено кривично дело Убиство (во обид). Обвинетиот се товари дека на 03.01.2016 година ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки животозагрозувачки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со истрагата за авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и неговите сопатници, информира дека до овој момент од досега утврдените факти во предметот, како и од поднесениот извештај од Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата и од други … Повеќе

Јавен обвинител врши увид на лице место во с. Добреште каде денеска две лица се тешко повредени

Четириесет и пет годишен жител на село Дебреште е осомничен за нанесување на тешки телесни повреди со нож. Денеска тој нападнал и повредил две лица, неговата поранешна сопруга и нејзиниот татко. Според првичните сознанија, осомничениот и порано се заканувал на поранешната сопруга и нејзините родители. Тој денеска пристигнал во куќата на таткото на оштетената и … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово поднесе обвинение против лекар – гинеколог за сторено кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето

Поднесеното обвинение против лекарот гинеколог од Клиничката болница од Тетово го товари за несовесно постапување при пружање лекарска помош, поради што е предизвикана смрт на едно лице. Имено, во август минатата година, при вршење на царски рез врз пациентка, обвинетото лице не ги презело сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици, … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Битола нареди истрага за убиството во село Маково

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во с. Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил од живот едно лице од истото село, на … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар ја расчистува тепачката меѓу навивачките групи на Будуќност и Шкендија

На ден 21.02.2016 година на магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево, во близина на преминот Стража, на место викaно Сретков Мост, два автобуса со навивачи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ од Подгорица, Црна Гора, биле паркирани на проширен дел од патот. Во тој момент со полициска придружба поминувал еден автобус од вкупно 10 автобуси со … Повеќе

Се истражуваат причините за сообраќајната несреќа во Прилеп во која животот го загуби едно лице

Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на лице место за случената сообраќајна несреќа во која животот го загуби триесет и девет годишен прилепчанец. Сега починатото лице било совозач во моторно патничко возило, што удрило во метална конструкција. Возачот, исто така триесет и девет годишен прилепчанец, не е повреден и со него во моментов се … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Прилеп нареди обдукција на починатата родилка

Во текот на вчерашниот ден во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп била примена пациентка која во попладневните часови родила здраво дете. По повеќе часови по породувањето, односно денеска околу 1: 50 часот дваесет годишната родилка починала. По констатирање на настанатата смрт, известен е надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп. Обвинителот изврши … Повеќе

Поведена постапка против едно лице за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, како и по утврдување на постоење на основано сомнение дека е сторено кривичното дело, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување. Ценејќи дека се исполнети законските основи, … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите пристигнати се три барања за доставување на кривични предмети и тоа: предметот во јавноста познат како Маѓар Телеком, предметот против З.В. за сторено кривично дело … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја заврши истрагата за седумтемина осомничени за настаните од Диво Насеље

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја заврши истражната постапка за седумте македонски државјани кои се теретат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б во врска со настаните од 9 и 10 мај годинава во кумановската населба … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Велес ќе го истражува вчерашното разбојништво

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес по вчерашното разбојништво во Велес во насока на утврдување на околностите на стореното кривично дело, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца скопјани и еден велешанец кој е недостапен на органите на прогонот. Сите три лица се осомничени дека сториле кривично дело Разбојништво од чл.237 од Кривичниот законик, а на првоосомничениот му се става на товар и кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

Повеќе

Наредена обдукција на телото на жена пронајдена почината во куќа во Прилеп

По пријава на соседите на сега почината, дека се шири неподнослива реа од куќа во нивна близина, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид. При увидот пронајден е женски труп во поодмината фаза на распаѓање. 49 годишната прилепчанка која во куќата живеела заедно … Повеќе

Поведена постапка за производство и дистрибуција на детска порнографија

Основното јавно обвинителство – Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнограгфија од чл. 193-а ст.3 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.

Повеќе

Осомничени повеќе лица за случајот со Тамара Димовска од Велес

Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека во врска со настанот што обвинителството го оформи по допрен глас за случајот на Тамара Димовска од Велес, спроведе низа на дејствија. Од преземените дејствија произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл. 353 -в … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против напаѓачите во Одделението за дигестивна хирургија

Основното јавно обвинителство -Скопје по спроведената истражна постапка и прибирање на сите докази, денеска до надлежниот Основен суд Скопје 1 -Скопје поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерка – Притвор против едно лице за сторени кривични дела Убиство од чл.123 ст.1 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик, Неовластено изработување, држење, посредување и тргување … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против службено лице од МВР

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејствија за утврдување на фактите во предметот. Притоа е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот … Повеќе