По сознанијата од Министерството за внатрешни работи дека во полициска станица пристапиле две лица, од кои еден малолетник, кои се пријавиле како извршители на кривично дело, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за препознавање. На извршеното препознавање еден од оштетените ги препознал пријавените како сторители на кривичното дело во кое животот го загуби 19-годишно лице.
Осомничени повеќе лица за случајот со Тамара Димовска од Велес
Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека во врска со настанот што обвинителството го оформи по допрен глас за случајот на Тамара Димовска од Велес, спроведе низа на дејствија. Од преземените дејствија произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл. 353 -в … Повеќе