Соопштенија

Обвинение за смртта на родилката во „Санте плус“

По сеопфатна претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1, како и едно кривично дело – Тешки дела против … Повеќе

Обвинителен предлог за криумчарење на 40 мигранти

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Криумчарење мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 26.02.2020 година на  претходно договорено место во близина на македонско -грчката граница, прифатил 36 мигранти од … Повеќе

Отфрлена кривична пријава за изборни нерегуларности

Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности против повеќе претседатели, заменици  претседатели  и  членови на Избирачките одбори  во општините Желино и Боговиње, против непознати лица кои помагале со потикнување, помагање и соизвршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле … Повеќе

Обвинение за убиство во обид

Основното јавно обвинителство во Велес  поднесе Обвинителен акт против лице на 60-годишна возраст од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член  19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот на 11.10.2019 година околу 20.30 часот, под дејство на алкохол од 2,97 прoмили во крвта, во дворот од својата куќа … Повеќе

Поднесено обвинение за кражба во автобус

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лице на возраст од 59 години за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 21 јануари, искористувајќи ја турканицата во автобус кој се движел по булеварот „Партизански одреди“, одзел паричник во кој се наоѓале 1.200 денари, лични документи, една дебитна … Повеќе

Притвор за полов напад врз дете во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 19 – годишен тетовец, за сторено  кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот влегол во зграда, се качил на првиот кат и од прозорецот во ходникот го повикал детето.  Откако детето на возраст од 12 … Повеќе

Поведена постапка за скопјанец кој произведувал и продавал марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за 27-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик. Дрогата била пронајдена од полициски службеници кои на автобуска постојка во Хиподром извршиле личен претрес на осомничениот … Повеќе

Едно лице под истрага за убиство и за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот на … Повеќе

Скопјанец осомничен за трговија со дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице од Скопје, на возраст од 26 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Осомничениот, во текот на месец февруари, набавил неодредено количество психотропни супстанции … Повеќе

Обвинение за поседување пиштол и муниција без дозвола

По спроведна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници, при личен преглед на обвинетиот на 20 јануари, утврдиле дека тој во појасот од десната страна неовластено … Повеќе

Предадени во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани денескa ги пуштија во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската унија. Од денеска кумановското обвинителство е сместено на третиот кат во зградата на Основниот суд … Повеќе

Спречен обид за учество во странска војска

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 вв ст.9 од Кривичниот законик. На почеток на … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас за паднатата фасада на АД „МЕПСО“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за  падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет по допрен глас. Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба  до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција … Повеќе

Обвинение за извршител на две кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец кој се товари дека извршил едно кривично дело – Кражба од член 235 став 1 и едно кривично дело – Тешка кражба казниво според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Имено, обвинетиот, на 13 јануари, од една од канцелариите на Факултетот за … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција во предметот за исправноста на МРП вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавно-обвинителска интервенција во предметот оформен по допрен глас во врска со увозот, дистрибуцијата и употребата на МРП вакцината во периодот од крајот на 2018 до почетокот на 2019 година, бидејќи овој настан не ги исполнува елементите на кривичното дело. Во предметот … Повеќе

Двајца обвинети за злоупотреби и измами со уплатите на данок во Град Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица, од кои едниот се товари за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а вториот за продолжено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 3 во врска со став … Повеќе

​Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Притворот беше побаран бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на … Повеќе

Јовески за МИА: Со Законот за ЈО се елиминираат политичките влијанија

Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност … Повеќе

Еден обвинет затоа што криел марихуана во куќата на неговиот дедо

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 25-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 16 јануари, во куќата на неговиот дедо во Чаир, неовластено заради продажба држел 105,55 грама … Повеќе

Скопјанец осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил … Повеќе