Извештај за примената на посебните истражни мерки во 2024 година
ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ НА ИЗВЕШТАЈОТ
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Република Северна Македонија
ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ НА ИЗВЕШТАЈОТ
ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ НА ИЗВЕШТАЈОТ
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по целосно спроведени две дисциплински постапки и испитани факти и околности, ги прифати предлозите поднесени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази денеска учествуваат на вториот годишен Конслутативен форум на шефови на државни и специјални обвинителства во Западен Балкан, што во организација на Европравда се одржува во Тирана, Република Албанија. На состанокот … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и јавната обвинителка во ОЈОГОКК Марија Ѓоргева денеска престојуваат во Приштина, Република Косово, каде остварија средба со Главниот државен обвинител Бесим Келменди и со специјалниот јавен обвинител Блерим Исуфај. На средбата … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и повеќе јавни обвинители денеска во Охрид учествуваат на работилницата “Разбивање на меѓународни криминални организации и мрежи за трговија со дрога”, во организација на Амбасадата на САД и програмите на американскиот Стејт департмент и на Департментот за правда. “Организираниот криминал предизвикува нестабилност и ја поткопува довербата во државата и … Повеќе
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката “Пулс” продолжува интензивно да презема дејствија на распити и вештачења од кои најголем дел од прелиминарните резултати се очекуваат во следните неколку дена. Во истрагата се ангажирани максимални капацитети од сите истражни органи и се вклучени десетици стручни … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка за реформите во правосудниот сектор воопшто. Притоа, обвинителот Коцевски детално го запозна амбасадорот Ле Риголер со предизвиците особено во однос на кадровски и финансиски … Повеќе
Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу МВР и Јавното обвинителство, со што ја потврдија посветеноста за засилување на меѓуинституционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка. Со протоколот се дефинирани … Повеќе
Со минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата во кочанската дискотека “Пулс”, во која бројот на жртвите денеска се зголеми на 60, започна денешниот состанок на стручниот колегиум на Јавното обвинителство во проширен состав. Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани за утврдување кривична одговорност за трагедијата го … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски утрово одржа координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани. Со оглед на обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоен план на активности и динамика. Првичните … Повеќе
Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство. Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на Правниот факултет во Скопје дипломирал во 1976 година. По дипломирањето работел во Судот во Тетово, каде напредувал до судиска функција, а потоа ја вршел и функцијата секретар во тетовската општина. Од 1991 до 1993 година … Повеќе
Јавни обвинители од Западен Балкан и Јужна Америка учествуваат на конференција во главниот град на Перу, Лима со цел зајакнување на меѓународната соработка во борбата против организираниот криминал. На состанокот на тема „Вмрежување за резултати: Зајакнување на прекуграничната соработка меѓу јавните обвинители од Западен Балкан и Јужна Америка во областа на организираниот криминал“ се преземаат … Повеќе
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда одржа претходно договорен онлајн состанок со претставници на специјализираниот аналитички центар на Европол надлежен за борба против корупцијата со цел разгледување на можностите за воспоставување продлабочена соработка во предмети од областа на корупцијата. Врз основа на заклучоците од … Повеќе
Во контекст на најавите за негово разрешување, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја даде следната писмена изјава за медиумите: “Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. Верувам дека Владата ги немала на … Повеќе
За улогата на јавниот обвинител неговите надлежности во кривичната постапка, но и за повеќе актуелни прдмети по кои постапуваат јавните обвинителства, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија гостуваше на радио-интервју на националната радио мрежа Канал 77. Интервјуто во видео линкот подолу:
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, во интервју за ТВ21 зборуваше за состојбите во јавното обвинителство и за повеќе актуелни предмети во надлежност на јавните обвинителства. Целосното интервју во видеото подолу:
Одреден раст на довербата во Јавното обвинителство и во судството покажа анкетата што за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања (ИПИС). Резултатите на анкетата како и предивиците во работата на правосудниот сектор ги коментираа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски. Повеќе во видеото:
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 ст.1 алинеја 1 и 6 од Законот за јавното обвинителство. Исто така, Комисијата едногласно донесе … Повеќе