Еден осомничен за нанесување тешка телесна повреда во Битола

Еден осомничен за нанесување тешка телесна повреда во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен. Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач … Повеќе

Постигната спогодба за уништување археолошко наоѓалиште

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе Предлог – спогодба со едно физичко и едно правно лице кои се товареа за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Обвинетиот Г.С., како одговорно лице во правното лице – управител … Повеќе

Битолското обвинителство поведе постапка за силување на дете

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено … Повеќе

Поднесено обвинение за ширење омраза и дискриминација против овластено лице на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа  од член 319 став 1 во врска со член 45, како и за продолжено кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат … Повеќе

Еден осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Битола-Ресен

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице од Ресен за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 23 април, како учесник во сообраќајот на … Повеќе

Истрага за осомничен за повеќе разбојништва во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11.04.2022 година маскиран влегол во аптека на улицата „Солунска“ и на вработената и се заканил … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на … Повеќе

ОЈО Битола поведе истрага против дилер на хероин 

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. За 37-годишниот битолчанец беа обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека од февруари годинава во повеќе наврати неовластено држел и … Повеќе

Истрага за неовластено изнесување марихуана од фабрика за одгледување канабис

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца македонски и еден албански државјанин осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Албанскиот државјанин, основач на правно лице – фабрика … Повеќе

Истрага за уништување на археолошкиот локалитет Влаху во Живојно

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Во периодот од ноември 2022 година до 03.03.2023, во селото Живојно, општина Новаци, првопријавениот … Повеќе

Шестмина осомничени за напад врз полициски службеници во Битола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против шест лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот зкаоник. Осомничените, на 10 февруари, нападнале тројца униформирани полициски службеници кои преземале службени дејствија на спроведување на лице … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана од Битола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на 21 декември … Повеќе

Истрага за тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 28 ноември, на … Повеќе

Откриен хероин во домот на битолчанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна потстапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот 26-годишник, на улицата „Ванче Јаневски“ во Битола, биле пронајдени 19 пакувања со вкупно 4,82 грама … Повеќе

Истрага за полов напад врз дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 71-годишник на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други … Повеќе

OJO Битола со постапка за загрозување на сигурноста при семејно насилство

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот ја загрозил сигурноста на неговата поранешна сопруга, непочитувајќи го решението на Основен суд Битола со кое му била изречена забрана да … Повеќе

Истрага за илегално одгледување канабис во демирхисарско

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 43-годишен жител на селото Вардино, општина Демир Хисар, во дворното место зад неговата куќа засадил 32 стебла … Повеќе

Кражба на злато и вредни предмети од златарница во Битола, еден осомничен

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен битолчанец, осомничен дека сторил кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека на 29 јуни тој влегол во златарница на булеварот „1 Мај“ во Битола и започнал … Повеќе