Основното јавно обвинителство Гостивар гони двајца браќа за тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Гостивар гони двајца браќа за тешка телесна повреда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица од село Добридол кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 02.05.2021 година, пред угостителски објект во селото, тие со умисла тешко телесно повредиле едно лице … Повеќе

Двајца гостиварци под истрага за пронајдена марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата гостиварци … Повеќе

Матичар од Гостивар обвинет за злоупотреба на службена положба

Обвинителен предлог за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 42-годишно службено лице – виш референт – матичар во Подрачна канцеларија Гостивар. Искористувајќи ист траен однос и исти прилики, обвинетиот, спротивно на одредбите … Повеќе

Обвинение за узурпација на недвижност во Маврови Анови

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе Обвинителен пртедлог против едно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности според член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата 63-годишна жителка на Скопје, на 10 јуни, во селото Маврови Анови, без одобрение започнала да гради градба од левата страна на … Повеќе

Обвинение за тешка кражба во Долна Бањица

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. На 10 или 11 февруари, осомничениот 35-годишен жител на селото Долна Бањица, влегол во дворот на една куќа во селото и од … Повеќе

Гостиварец обвинет за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 20-годишен гостиварец кој се товари за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. По кратко сообраќајно недоразбирање со друг возач, на 25 април, обвинетиот, заедно со уште две непознати лица, го нападнале оштетениот. Притоа, обвинетиот со метална … Повеќе

Предложена парична казна поради земјоделски субвенции добиени со измама

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Предлог за издавање казнен налог против 41-годишна жителка на селото Топлице која сторила кривично дело – Измама при добивање кредит или друга погодност од член 249 од Кривичниот законик. Обвинетата, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство … Повеќе

Поднесен обвинителен предлог за загрозување на сигурноста на полициски инспектор

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе Обвинителен предлог против 47-годишен Гостиварец кој се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 2 октомври, додека се вршела акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Гостивар-Тетово, обвинетиот повеќе пати се … Повеќе

Обвинение за силување во Гостивар

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 31-годишен жител на Гостивар, на 27 јули, со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во … Повеќе

Обвинение за загрозување на сигурноста и недозволено поседување оружје и муниција во Форино

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 59-годишен жител на Форино за кого постои сомнение дека го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 од Кривичниот законик. Тој е обвинет дека на 29.05.2020 година, при вршење семејно насилство,  ја загрозил сигурноста на својата сопруга и својата ќерка. Најпрвин, по … Повеќе

Лажен оџа од Кочани и негови соработници осомничени за полов напад врз дете и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за … Повеќе

Гостиварец при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата, поднесено обвинение

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 32-годишен жител на Гостивар, при вршење семејно насилство во семејната куќа во гостиварската населба Циглана, телесно ја повредил неговата сопруга. На 17 … Повеќе

Обвинение за бесправно градење во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 56-годишен гостиварец за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Од втората половина на 2018 година до 27 февруари 2019 година, на сопствено земјиште на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар, обвинетиот градел објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган. … Повеќе

Син ја загрозил сигурноста на својот татко во Гостивар, поведена постапка

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен гостиварец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во семејната куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар, обвинетиот на 29 септември, ја загрозил сигурноста на сопствениот … Повеќе

Жител на Форино обвинет за неовластена трговија со хероин и метадон

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 59-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 7 ноември, при личен преглед на обвинетиот и при претрес … Повеќе

Обвинение за насилство во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тројцата обвинети, двајца мажи и една жена, на 3 јуни во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на друг. Оштетениот се упатил … Повеќе

Гостиварското обвинителство поведе постапка за уништување електрични инсталации

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Уништување или оштетување јавни инсталации од член 291 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 9 август, управувајќи товарно моторно возило МАН, растоварал огревни дрва пред куќа во село Врапчиште, па зафатил и … Повеќе

Соопштение

Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот. Основното јавно обвинителство презема … Повеќе

Обвинение за бесправно градење повеќекатница во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 60-годишник, без претходно да прибави градежно-техничка документација, односно одобрение за градење, започнал да гради објект во Гостивар – градба од 5 ката со деловни простории … Повеќе

Во Гостивар обвинение за разбојник кој беше во бегство повеќе од две години

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, кој до неодмана беше недостапен на органите на прогонот, делото го сторил во соизвршителство со две други лица, кои веќе … Повеќе