Обвинение за нападот врз новинарска екипа во Ѓурѓевиште

Обвинение за нападот врз новинарска екипа во Ѓурѓевиште

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик. На 16 февруари, обвинетиот ги забележал двајцата оштетени – новинар и … Повеќе

Заменик директор во училиште обвинет за малтретирање ученик

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата според член 143 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 26.11.2021 година, при вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и … Повеќе

Обвинение за давање лажен исказ

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик во врска со член 26 став 2 од Законот за извршување. Обвинетиот делото го сторил во својство на должник при спроведување на извршна постапка, при што во … Повеќе

Истрага против дилер на кокаин од Гостивар

Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на селото Чегране донесе Основното јавно обвинителство Гостивар, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во текот на месец март, осомничениот од непознато лице набавил … Повеќе

Осомничен дилер на хероин во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 14 март, кај себе неовластено држел 6,08 грама хероин … Повеќе

Поднесено обвинение за гостиварецот кој ја загрози сигурноста на неговото семејство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 43-годишен гостиварец, вршејќи семејно насилство, во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на … Повеќе

Гостиварец осомничен за загрозување на сигурноста при семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинителството постапува по кривична пријава против 43-годишниот гостиварец, кој во … Повеќе

Обвинение против дилер на дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 20-годишен жител на селото Равен против кого се водеше истражна постапка за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на обвинетиот на 29 јануари, полициски службеници … Повеќе

Обвинение за тешка телесна повреда по расправија за паркинг место

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 35-годишен жител на селото Беловиште, кој се товари за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 07.08.2021 година, по претходна вербална расправија за паркинг место во Гостивар, започнал физичка пресметка со едно оштетено лице од селото Србиново, удирајќи … Повеќе

Жител на Врапчиште осомничен за лажен исказ пред суд

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 44 години за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 19.10.2021 година, дал лажен исказ пред судот, јавувајќи се во својство на сведок-оштетен на … Повеќе

Обвинение против двајца препродавачи на марихуана од Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против двајца 33-годишни гостиварци за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. По спроведена истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека двајцата обвинети соизвршители на 31.12.2021 година … Повеќе

Загрозување на сигурноста со опасно орудие во гостиварско, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог протв 40-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, предвидено во член 133 од Кривичниот законик. На 27.10.2021 година, на регионалниот пат Чегране-Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може телото тешко да … Повеќе

Десетмина обвинети за пустошење шуми во гостиварско

Против вкупно 10 лица Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог за продолжени кривични дела – Пустошење шума, Кражба и Измама. Во временскиот период од 2017 и 2018 година, во повеќе наврати, обвинетите како соизвршители, исекле поголемо количество дрва од туѓа шума во атарот на селото Падалиште. На тој начин тие ја опустошиле шумата, бесправно … Повеќе

Обвинение за бесправно изградени бунгалови во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Обвинетите, татко и ќерка, државјани на Република Косово, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено … Повеќе

Обвиненија за тешки кражби во гостиварско

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителни предлози против две лица, од кои едното извршило, а другото се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба предвидено во член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Во првиот предмет, 49-годишен жител на селото Врапчиште е обвинет дека на 29.09.2021 година влегол во незаграден двор на … Повеќе

Татко и син обвинети за насилство за паркинг место

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 34-годишен гостиварец и неговиот 64-годишен татко, кои се товарат за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Грубото насилство го извршиле на 01.10.2021 година, кога телесно повредиле едно … Повеќе

Четворица мажи во Гостивар обвинети за насилство врз две жени

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 22.06.2021 година, четворицата жители на гостиварската населба Циглана, извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста, телесно повредувајќи две жени. Откако една од жените дошла … Повеќе

Истрага за пронајдена марихуана во Равен

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен жител на селото Равен за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во текот на јануари, осомничениот набавил одредено количество наркотична … Повеќе

Обвинение за предизвикувач на сообраќајна несреќа во Гостивар

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, 39-годишниот гостиварец, на 13.04.2021 … Повеќе

Две лица обвинети за тешка кражба од автобуска станица во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик, додека другото е обвинето за помагање при извршување на истото кривично дело. Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 07.09.2021 … Повеќе