Гостиварец обвинет за напад врз полициски службеници

Гостиварец обвинет за напад врз полициски службеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 49-годишен гостиварец, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик. На 4 август, обвинетиот нападнал двајца полициски службеници кои вршеле сообраќајна контрола на магистралниот пат Кичево Гостивар. Тој работел како … Повеќе

Обвинение за родосквернавење во Гостивар

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 15 јули, обвинетиот со употреба извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година. … Повеќе

Обвинение против три лица за пронајдено поголемо количество марихуана во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица, двајца македонски и еден албански државјанин, за кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 38-годишен странски државјанин набавил поголемо количество наркотична дрога – марихуана во … Повеќе

Гостиварец обвинет за пренесување заразна болест – бруцелоза, предложена парична казна

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против еден гостиварец за кривично дело – Пренесување заразна болест од член 205 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот не постапил според прописите и издадено решение на надлежниот орган за спречување на заразните болести кај животните кои можат да се … Повеќе

Обвинение за тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен жител на Форино, кој се товари дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко телесно ја повредил поранешната вереница. Тој ја … Повеќе

Жител на Гостивар обвинет за тешки дела против општата сигурност – со воздушна пушка пукал во другар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 21-годишен гостиварец за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност според член 292 став 3 во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 01.05.2020 година, обвинетиот со испукување дијабола од воздушна пушка предизвикал значителна опасност … Повеќе

Казнен налог за уништување извршителски печат во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Симнување или оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 19 јули симнал службен печат од овластено службено лице – извршител за осигурување на моторно возило Мерцедес, … Повеќе

Гостиварец обвинет за давање лажен исказ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Давање лажен исказ според член 367 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 23 септември на обвинетиот му било доставено барање да даде податоци за имот и приходи согласно член 26 … Повеќе

Поднесено обвинение за гостиварец кој вршел семејно насилство врз сопругата и ќерката

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43 – годишен гостиварец за кривичните дела  – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 15 октомври, при вршење семејно насилство во домот … Повеќе

Обвинение за пиштол и муниција пронајдени кај жител на гостиварско Дебреше

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 53-годишен жител на селото Дебреше, на 8 април годинава, се движел во својата нива во атарот на селото, … Повеќе

Побаран притвор за лице кое вршеше семејно насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 43 – годишен гостиварец, за кој постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела  Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 15 октомври 2021 … Повеќе

Поднесено обвинение за дилер од Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 18 август, набавил во Скопје наркотична дрога – марихуана и ја пренел во стан во Гостивар, со намера да … Повеќе

Поднесено обвинение за илегално поседување марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20 август, набавил и држел наркотична дрога – марихуана во домот во кој живее на улица „Балиндолска“ во Гостивар. … Повеќе

Истрага за лице осомничено за предизвикување тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот … Повеќе

Притвор за дилер на марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 август, во домот на 31-годишниот гостиварец биле пронајдени околу 20 грама … Повеќе

Поведена истрага против дилер на марихуана од Студеничани

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Студеничани кој е осомничен за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 18 август, осомничениот во Скопје набавил наркотична дрога – марихуана со … Повеќе

Во Гостивар истрага против тројца за откриено поголемо количество марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, двајца македонски и еден албански државјанин, осомничени за кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 38-годишен странски државјанин во Република Албанија набавил … Повеќе

Еден осомничен за трговија со дрога и напад врз полициски службеници во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член … Повеќе

Поведена постапка за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице на возраст од 31 година, жител на Гостивар, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомниениот на 27 јули 2021 година со употреба на сила и закана дека непосредно … Повеќе

Поведена постапка заради родосквернавење

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 15 јули 2021 година, околу 14:30 часот извршил обљуба со крвен … Повеќе