Поднесено обвинение за дивоградба во Охрид

Поднесено обвинение за дивоградба во Охрид

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен … Повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебе од Вевчани

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид издаде повеќе наредби за утврдување на причините за смртта на 7-месечно бебе од Вевчани, кое починало рано утрово во ЈЗУ  Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ откако било донесено со повреди на главата и итно префрлено во операциона сала. Неколку часа по спроведената операција, бебето … Повеќе

Откриен еден од подметнувачите на пожар во кафе бар во Охрид, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување  истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 10 март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште … Повеќе

Извршен увид по пожар во угостителски објект во Охрид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар. Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи. Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со … Повеќе

Побарани мерки на претпазливост за лице осомничено за нанесување тешка телесна повреда од омраза

Основното јавно обвинителство Охрид до надлежниот суд поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост против едно лице од Битола за кое е поведена постапка за кривично дело  – Тешка телесна повреда по член 131 став 2 во врска со став 1 и  во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 19 јануари, осомничениот, заедно … Повеќе

Поднесено обвинение за нанесување тешка телесна повреда од омраза

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, заедно со уште едно до овој момент непознато лице, од омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно … Повеќе

Истрага против охриѓанец за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, … Повеќе

Поведена постапка за проверка на наводите за пропусти при регистрација на здружение на граѓани

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една … Повеќе

Истрага за предизвикување тешка сообраќајна несреќа во близина на Подмолје

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 24-годишен жител на селото Белчишта, општина Дебрца, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Поведувањето на постапката … Повеќе

Побаран притвор заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Охрид донесе  Наредба за спроведување на истражна постапка против 38-годишен државјанин на Република Албанија, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 7 ноември 2021 година, … Повеќе

Извршен увид на местото каде во сообраќајна несреќа животот го загубија две лица

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола заедно со увидна екипа од СВР Битола и ОВР Ресен и со вештак од областа на сообраќајот изврши увид на самото место каде вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. На магистралниот пат А-3 Битола Ресен поточно на м.в. Долна … Повеќе

Поведена истрага против турски државјанин кој пренесувал хашиш во автомобилот

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, турски државјанин, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 октомври, во возилото Цитроен кое го управувал, … Повеќе

Обвинение за насилството во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, браќа на возраст од 45 и 48 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 18 август 2020 … Повеќе

Притвор за насилникот од автокампот Градиште

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе Предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година  во Охрид, во автокампотот Градиште извршил грубо насилство  врз три лица. Осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај … Повеќе

Притвор за осомничените кои лишија од слобода државјанка на Италија

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, кривичното дело го сториле на 3 јули 2020 година, … Повеќе

Парична казна за лице кое не ја почитувало задолжителната домашна изолација во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, 45 – годишна охриѓанка, која не постапила според донесено Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со кое и  била определена задолжителна домашна изолација  со датум на започнување од 15 мај 2020 година. При проверка од надлежните органи, на 17 мај, обвинетата … Повеќе

Парични казни за прекршувачи на полицискиот час во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според  член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите се товарат дека за време на полицискиот час се движеле низ Охрид и со тоа не ја почитувале Одлуката за забрана … Повеќе

Постапки за непочитување на полицискиот час во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд во Охрид поднесе предлози за издавање казнен налог за две лица кои непочитувајќи го полицискиот час сториле кривично дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Двајцата обвинети биле затекнати од страна на полициските службеници како се … Повеќе