Извршен е увид на железничкиот премин каде воз удри во автомобил

Извршен е увид на железничкиот премин каде воз удри во автомобил

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи утринава изврши увид на местото каде се случи железничка несреќа во која се повредени четири лица. Утринава во 5.20 часот, на железнички премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, воз удри во патничко моторно возило Ауди во … Повеќе

Истрага против прилепчанец за неовластено пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 39 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 30 август, од лице од Тетово купил наркотична дрога – 20, … Повеќе

Три лица во Прилеп осомничени за насилство

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради основано сомневање да сториле кривично дело – Насилство од чл.386 ст.6  во врска со ст.3 и ст.1 од Кривичниот законик. Едно од лицата, 44-годишен прилепчанец, е лишен од слобода. Останатите двајца, на возраст од 23 и 18 години, се уште се … Повеќе

Наредено вештачење на пронајдената бомба во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во кафе барот “Кафе Ин” каде вчера вечерта околу 23.30 часот во саксија за цвеќе беше пронајден предмет, налик на бомба. Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која по наредба на јавен обвинител е подигната, … Повеќе

Истрага за извршена тешка кражба во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека  заедно со засега непознато лице извршиле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничениот вечерта на 24 мај … Повеќе

Издадена е наредба за вештачење на пронајдената рачна бомба

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со екипа од крим техника при Министерството за внатрешни работи, Полициска станица Прилеп изврши увид на местото каде денеска беше пронајден предмет – рачна бомба, во близина на кафулето „Кафе ин “ во Прилеп. Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно … Повеќе

Со фалсификувани документи преку измама до потрошувачки кредити

Десет лица се опфатени со Наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, а по поднесени кривични пријави од страна на Министерството за внатрешни работи. Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените … Повеќе