Сомненија за криумчарење златен накит вреден половина милион евра на скопскиот аеродром, поведена истрага

Сомненија за криумчарење златен накит вреден половина милион евра на скопскиот аеродром, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април пристигнале во земјава со лет од Виена, … Повеќе

Поднесено обвинение за предизвикување општа опасност со моторно возило

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со … Повеќе

Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вршеле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во временскиот период од ноември 2024 година до март 2025 година, осомничените … Повеќе

Предложен притвор за семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 27 март, при вршење семејно насилство, тој телесно го повредил неговиот татко. По кратка вербална расправија, започнал агресивно … Повеќе

Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен … Повеќе

Истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Против тогашниот управител на фирмата од Кичево и правното лице е поведена истрага за кривично дело – Злоупотреба … Повеќе

Обвинение за разбојништво во продавница за бела техника во Скопје

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на кои им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети, на 29.11.2024 година, со електрични тротинети дошле до продавница за бела техника „Нептун“ … Повеќе

Кражба на околу 10 илјади евра од менувачница, еден осомничен

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, … Повеќе

Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 март попладне, на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, … Повеќе

Поведена постапка за тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Вчера попладне осомничениот управувал автомобил „Фиат Панда“ со скопски регистарски … Повеќе

Еден осомничен за предизвикување опасност со пожар кај Катланово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како … Повеќе

Обвинение за обид за убиство

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело -Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во врска со истиот настан, поднесен е и Обвинителен предлог против уште едно лице за – Помагање на сторителот … Повеќе

Еден осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две продолжени кривични дела –  Тешка телесна повреда по член 131 со став 2 и став 1 и едно продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став … Повеќе

Истрага за обид за изнуда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Изнуда согласно член 258 став 1 во врска со членовите 19 (во обид) и 22 (во соизвршителство). Осомничениот 33-годишен скопјанец, заедно со уште едно лице кое до сега не е идентификувано, со сила и … Повеќе

Еден осомничен за тешка кражба од автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 22-годишник, на 16.07.2024 година, од автомобил во сопственост на Државниот завод за ревизија паркиран во центарот на Скопје одзел ташна со предмети во … Повеќе

Се испитуваат причините за несреќа при пад на гранка од дрво во Карпош

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина Карпош, каде при пад на гранка од дрво вчера 10-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди. Детето е хоспитализирано и се уште е под опсервација. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на целокупната документација … Повеќе

Извршен увид на место на сообраќајна несреќа во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на сообраќајна несреќа во која ноќеска околу полноќ животот го загуби 77-годишен велосипедист. Несреќата се случила на булеварот „Киро Глигоров“, во близина на железничкиот надвозник, кога автомобил „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 26-годишен возач, удрило во велосипедот. Велосипедистот се здобил … Повеќе

Истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предложи јавниот обвинител за 47-годишник против кого е поведена истрага … Повеќе

Насоки за итните постапки за кривични дела против безбедноста во сообраќајот во Скопје

Имајќи ги предвид статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи кои укажуваат на зачестеност на прекршочните и кривичните дела од областа на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје одржа координативен состанок со полициските служби од СВР Скопје на кои им издаде конкретни насоки за поефикасно постапување при ситуации на загрозување на безбедноста во сообраќајот, а во … Повеќе

Притвор за малолетник за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор против дете во судир со законот на возраст над 16 години. На паркинг простор пред зградата, како и во ѕидот од ходникот во близина на станот каде престојувал 17-годишникот држел … Повеќе