Истрага за проневера во службата

Истрага за проневера во службата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека како одговорно лице – сметководител сторило кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во периодот од 28.04.2016 година до 28.11.2019 година, како сметководител за … Повеќе

Поведена постапка за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот го сторил делото на 23-ти декември, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете за … Повеќе

Жител на Сарај обвинет за продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. При претрес, во дворот од куќата на обвинетиот во Сарај биле пронајдени 40,19 грама наркотична дрога марихуана, спакувана … Повеќе

Истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Во домот на осомничениот 38-годишник во Аеродром, на 20 декември, биле пронајдени … Повеќе

Едно лице обвинето за разбојништвото во маркет во Сандево, за вториот осомничен – запрена постапката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 28 години, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Рабојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. На 2 декември, во маркет во скопското село Сандево, обвинетиот се заканил на вработената дека неспоредно ќе нападне … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојништво во просториите на „Брза пратка“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 16.10.2018 година, влегол во просториите на оштетеното правно лице „Брза пратка“ на булевар „Јане Сандански“ и заканувајќи се на една вработена со пластичен пиштол, одзел пари во … Повеќе

Отфрлена пријава за злоупотреба на службата и несовесно работење во Министерството за внатрешни работи

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 … Повеќе

Двајца контролори во Фондот за здравствено осигурување осомничени за примање поткуп од лекар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. На 23 декември, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, двајцата осомничени како службени … Повеќе

Побаран притвор за осомничен за убиство и за обид за убиство во Тафталиџе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека извршило кривични дела – Убиство од чл.123 ст.1, Убиство од чл.123  ст.1 во врска со чл. 19 (обид), како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. На … Повеќе

Истрага против скопјанец во чиј дом беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден 27-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прокуроси од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 14 декември во својот дом во Влае, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – … Повеќе

Обвинение за разбојништвото во заложна куќа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите како соизвршители, по претходен договор, на 19-ти септември во  заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, одзеле туѓи подвижни предмети … Повеќе

Скопјанец обвинет за продолжено неовластено пуштање во промет на хероин и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот Кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 41-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал на бул.„Гоце Делчев“, во … Повеќе

Истрага против лице кое криело марихуана во дворот на сосетката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 27 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична … Повеќе

Соопштение

За правилно информирање на јавноста во поглед на постапувањето на Основното јавно обвинителство Скопје по извршените претреси од страна на МВР во Грчец, Арачиново и на други локации во Скопје врз основа на наредби издадени од судија на претходна постапка на 7 декември, Обвинителството ја известува јавноста дека постапуваше по поднесена кривична пријава против едно … Повеќе

Истрага против едно лице за пронајдено оружје и муниција во Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. Во својот дом во Арачиново осомничениот држел огнено оружје и муниција – еден … Повеќе

Едно лице обвинето за четири тешки кражби на дрзок начин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторени четири дела  – Тешки кражби од чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен ланец во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до … Повеќе

Вложена жалба против одлука за замена на мерките за обезбедување во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци

Oсновното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на Решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост. Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично … Повеќе

Истрага за кокаин пронајден во Глумово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 4 декември, во својот дом во село Глумово, заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна … Повеќе

Обвинение против едно лице за недозволена трговија со хероин

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. На 20 декември, обвинетиот заедно со едно веќе осудено лице, во автомобилот што го управувал, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога … Повеќе

Отворена истрага против двајца осомничени за разбојништво во маркет

Две лица, на возраст од 28 и 30 години, се осомничени дека заедно како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајцата за кои постои основано сомнение дека на 2 декември влегле … Повеќе